Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Србија под блокада се над 40 факултети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Србија под блокада се над 40 факултети
БАЛКАН

Во Србија под блокада се над 40 факултети

Објавено December 11, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Студентите од четири универзитетски центри во Србија и неделава ја продолжуваат блокадата на факултетите и ректорските управи со поддршка од професорите и ректорските колегиуми, како и со поддршка од граѓанското општество.

Студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат на протестите и блокадите.

Бранот студентски протести во Србија беше поттикнат од насилството врз учесниците на комеморативните собири за 15-те жртвите, кои настрадаа по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Студентите на универзитетите во Белград и во Нови Сад од 2 декември ги блокираат зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од белградскиот Факултет за драмски уметности беа нападнати за време на комеморативниот собир. На блокадата се придружија и студентите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.

Според студентски активисти, најмалку 40 факултети во сите четири универзитетски центри – во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш се во постојана блокада.

На протестот на студентите од Правниот факултет и четири технички факултети во Белград денеска се приклучија и адвокати. Адвокатската комора на Србија денеска прогласи прекин на работата.

Адвокатите протестираат поради незаконскиот начин на донесување и усвојувањето на закони без соодветно учество на адвокатурата, и селективното гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, но и селективното гонење на учесниците на протестот бидејќи полицијата апси активисти, а ги игнорира провокаторите кои се обидуваат да ги спречат протестите.

Студентите во Србија добија поддршка и од студентите од повеќе факултети во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ го отстрани шаторот пред Уставен суд, ќе го поставеле пак во март
Следна Статија Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Комшија застрелал татко и син поради паркинг

Жител на селото Мраморак се скарал со соседите за паркинг во село со помалку од 3.000 жители, па ги застрелал.…

November 23, 2024
БАЛКАН

Вучиќ за скратувањето на работното време: Ќе работиме повеќе, не помалку

Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме…

May 8, 2026
БАЛКАН

Во прекин авиосообраќајот во Грција

Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен за полетување и слетување на сите авиони кон и од сите…

January 4, 2026
БАЛКАН

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА: Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени

Грчката влада планира да ги намали пристанишните такси на половина, почнувајќи од 1 мај. Грчкото Министерство за поморски работи и островска…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?