Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет
МАКЕДОНИЈА

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет

Објавено December 11, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот на Совет Стефан Кирков од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таа повторно криејќи се зад псевдонимот “град Скопје”, во соопштение истура куп лаги и гадости за што најмалку што може да направи е јавно да му се извини на господинот Кирков, вели во писмен допис Трајко, Славески, претседател на Советот на Град Скопје

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку советникот Кирков ја извести јавноста за непочитување на законски и други прописи кои се однесуваат на процедурата за носење буџет на град Скопје. Имено, Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа во член 27, ставовите 4 и 5, ја пропишува процедурата за носење буџет на општина, а со тоа и на град Скопје.

Таму е пропишано дека градоначалникот доставува предлог-буџет за наредната година до советот во рок утврден со буџетски календар. Совет на град Скопје во март оваа година има донесено Буџетски календар за 2024 година, објавен во Службен гласник на град Скопје (види прилог) каде е предвидена обврска на градоначалникот Арсовска предлог-Буџет за 2025 година до Совет да достави најдоцна до 10 декември, а не како што манипулативно се наведува во соопштението, седум дена пред расправата за буџет во Совет на град Скопје.

Дополнително, според буџетскиот календар најдоцна до 20 октомври 2024 година до Совет на град Скопје требаше да се достават за одобрување предлог-Програми за развој, кои Советот требаше да ги одобри најдоцна до 15 ноември, по што тие стануваат составен дек на буџетот. До ден-денес градоначалникот Арсовска нема до Совет доставено предлог-Програми за развој!

На крај, спротивно на воспоставената практика (и потреба) во град Скопје во минатото и во општините ширум Република Македонија, членовите на Совет до овој момент, со исклучок веројатно на неколку приврзоци на Арсовска, не биле воопшто информирани за било што и не биле вклучени во ниту една фаза во подготовката на буџетот на град Скопје за наредната година.

Арсовска треба да сноси одговорност за ваквото несовесно и неодговорно работење кое може да предизвика целосна блокада во функционирањето на градот. Не сакам да верувам дека можеби постои токму таква намера!

КУЛМИНАЦИЈА НА МАНИПУЛАЦИИТЕ И АРОГАНЦИЈАТА НА АРСОВСКА

Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот на Совет Стефан Кирков од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ,… pic.twitter.com/OVN1aJpQ1A

— Trajko Slaveski (@TSlaveski) December 11, 2024
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Србија под блокада се над 40 факултети
Следна Статија Зголемен бројот на странски туристи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат

Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности,…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

„One Stop Shop“ на граница пред летната сезона-Македонија и Албанија со нови мерки за побрз премин

Пред почетокот на летната сезона Македонија и Албанија ќе го имплементираат системот „One Stop Shop“ за побрз и поедноставен граничен…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се воведе комунална полиција и референдумско отповикување – Предлог измените поминаа на Влада

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница. Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Крушево: Нашата држава секогаш ќе го негува споменот на Тоше

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?