Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Сити на колена пред Јувентус, Абрахам во самиот финиш му донесе победа на Милан против Црвена звезда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Сити на колена пред Јувентус, Абрахам во самиот финиш му донесе победа на Милан против Црвена звезда
СПОРТ

(Видео) Сити на колена пред Јувентус, Абрахам во самиот финиш му донесе победа на Милан против Црвена звезда

Објавено December 12, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Фудбалрите на Јувентус го победија Манчестер сити со 2:0, а Барселона славеше во Дортмунд 3.2 во најпривлечните вечерашни натпревари во Лигата на шампионите.

Јувентус го освои 11-от бод и се искачи на врвот на табелата, додека Сити остана на осум и се наоѓа на 22-та позиција.

Ова беше седми пораз за „граѓаните“ во последните десет натпревари, при што имаат само една победа.

Во првите 45 минути од мечот во Торино практично не се случуваше ништо, неколку почушанси и обидот на Халанд во 40.минута чии удар го одбрани Ди Грегорио.

Второто полувреме беше поофанзивно од двете страни. Во 53. минута, Влаховиќ некако успеа да ја смести топката зад грбот на Емерсон.

Сити, потоа тргна во офанзива, имаше шанси преку Бернардо Силва и Де Брујне, но резултатото остана 1:0.

Казната ги стигна „граѓаните“ во 75.минута, Веа ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Мекени со полуволеј ја испрати во голот.

Двата тима сега одат на пауза, па во седмото коло од Лигата на шампионите, на 22 јануари, Јувентус гостува кај Бриж, додека Сити истиот ден ќе игра против ПСЖ.

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Борусија Дортмунд со 3:2 (0:0), ја запишаа петтата победа и се искачија на второто место на табелата.

Каталонците го контролираа мечот во првиот дел, ја држеа топката во своите нозе повеќе од 70 проценти од времето, упатија и повеќе удари. Сепак, Борусија Дортмунд беше поконкретна, но обидите на Серхио Гираси и Марсел Сабицер завршија крај голот.

Вториот дел од натпреварот започна со гол на Каталонците. Во улога на асистент се најде Дани Олмо, а Рафиња ја затресе мрежата. Водството на Барселона не траеше долго бидејќи, во 60. минута од „белата точка“ беше прецизен Гираси.

Ефикасното второ полувреме го продолжи Феран Торес кој и ја врати предноста на Барселона, но само две минути подцна изедначи Гираси. Сепак, во 85. минута Торес со вториот гол на натпреварот го замолкна „Сигнал Идуна Парк“ и им донесе победа на гостите.

Резултати:

Атлетико – Слован 3:1 (2:0)
/Алварез 16, Гризман 42, 57 – Стрелец 51/

Лил – Штурм 3:2 (2:1)
/Сахаруи 37, Бекер 45+2, Харалдсон 81 – Китешвили 45+4, Бирт 47/

Милан – Црвена Звезда 2:1 (1:0)
/Леао 43, Ејбрахам – Радоњиќ 67/

Арсенал – Монако 3:0 (1:0)
/Сака 34, 78, Хаверц 88/

Бенфика – Болоња 0:0 (0:0)

Борусија Д. – Барселона 2:3 (0:0)
/Гираси 60, 78 – Рафиња 53, Торес 75, 85/

Феенорд – Спарта 4:2 (3:1)
/Тронер 8, Паишао 10, Муса 30, Хименез 63 – Рахмани 42, Белен 79г/

Јувентус – Манчестер Сити 2:0 (0:0)
/Влаховиќ 53, Мекени 75/

Штутгарт – Јанг Бојс 5:1 (1:1)
/Стилер 25, Мијо 53, Фурих 61, Фагноман 66, Кајтел 76 – Лакоми 6/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесена кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски
Следна Статија Мицкоски – Лајчак: ЕУ да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Почнува ЕП во кошарка, Србија главен фаворит

Со натпреварот Велика Британија – Литванија, денес 12:30 часот во Тампере, Финска ќе биде отворен Евробаскет 2025. Континенталниот кошаркарски собир…

August 27, 2025
СПОРТ

Македонија со убедливи 5-0 го победи Лихтенштајн и повторно е лидер во групата

Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните…

September 7, 2025
СПОРТ

Роналдо дома се врати со приватен авион (ВИДЕО)

Неколку дена откако репрезентацијата на Португалија беше елиминирана од Светското првенство, Кристијано Роналдо се врати во својата земја. Изненадувачки, или…

July 9, 2026
СПОРТ

Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај (ВИДЕО)

Целосен хаос беше виден по истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Купот на Турција. Галатасарај победи како гостин (2:1)…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?