Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесена кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поднесена кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски
МАКЕДОНИЈА

Поднесена кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски

Објавено December 12, 2024 08:20
Сподели
Сподели

Поднесена е кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од страна на Синдикат на Македонска Полиција (СМП). Како што соопштија од синдикатот, до ОЈО Скопје, денес била поднесена кривична пријава против лицата О.С од Куманово, поранешен Министер за внатрешни работи и Д.Ч од Велес, поранешен Претседател на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, поради постоење на основи за соменение дека сториле кривично дело “несовесно работење во службата” казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.

Имено, пријавените во својство на службени лица т.е.„избрани или именувани функционери во Владата на РМ“ (сп. чл. 122, ст. 4, ал. 1 од КЗ), во текот на 2022година незаконито и несовесно во вршење на своите овластувања и должности превземале дејствија што се состојат од повреди на законските прописи, злоупотребувајќи ги притоа дискреционите овластувања, кога со вршење на формална и материјална злоупотреба со пропуштање на должниот надзор несовесно му нанеле штети материјални и нематеријални на работник во МВР (полициски службеник) – Член на СМП.

Пријавениот О.С, вршејќи функција Министер за внатрешни работи, заедно со три лица членови на Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при Свр Скопје, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи, несовесно постапувале спротивно на закон по предлог бр.22.21-6497/1 од 17.09.2020г на началник на Свр Скопје, кој бил застарен и без основ за водење на постапка наспроти кое што злоупотребувајќи ги службените положби и овластувања членовите на комисијата му доставиле предлог бр.22.21-6497/12-2020 кој го изготвиле на ден 17.02.2022година, за изрекување парична казна по настапена АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ за спроведување на дисциплинска постапка, а која што ја закажале и воделе по истекот на рокот спротивно на член 219 ст.2 од КД на МВР, кога со неосновани и фингирани наводи (2) години претходно му се вршеле притисоци на работникот од повикување во врска со член 186 став 1 точка 2 и член 187 став 1 точки 3, 4 и 10 од ЗВР, и по кое што заради непотклекнување, со донесување на решение бр.22.6.1.1-26817/1 од 16.03.2022година, по истекот на рокот од најмногу 12 месеци, несовесно било постапено спротивно на член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи и членовите 242 и 244 став 3 од КД на МВР – стои во соопштението од СМП.

Тие тврдат дека фактичката ситуација од незаконско постапување била констатирана и од страна Државниот инспекторат за труд, по извршен вонреден инспекциски надзор инициран од страна на сега оштетениот работник, а кој врз основа на член 83 став 1 од Законот за инспекциски надзор на работодавачот му донесол и врачил решение со “инспекциска мерка опомена ИП1 09-656 – да донесе акт со кој ќе го поништи Решението бр.22.6.1.1-26817/1 од 16.02.2022година во рок од (8) дена од денот на приемот на решението”, а по кое истиот не постапил, ставајќи се притоа над законските прописи.

Второпријавената како Претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, постапувајќи неправилно и неетички во вршење на должноста спротивно на нормите на професионална етика на службените лица, надминувајќи го степенот на обична невнимателсност, заборавеност и неуредност, непостапувајќи во согласност со должноста за надзор, повредувајќи го Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен (Сл. Весник на Р. Македонија, бр.51 од 13.04.2011 година), постапила спротивно на член 7 од истиот закон, вршејќи формална и материјална злоупотреба на законските прописи во корист на друг (првопријавениот) за прикривање на незаконското и несовесно постапување кое претставува КД, а на штета на работникот и сега на Буџетот на РСМ, истата влијаела и наместила исход со донесување на Решение бр.0901-96 од 19.05.2022 година, со кое Жалбата на работникот, ЈА ОДБИЛА КАКО НЕОСНОВАНА – велат од СМП.

Понатаму стои:

Со ова, прво и второ пријавените функционери, грубо ја прекршиле, односно намерно не ја испочитувале императивната законска обврска при вршење на дискрециони овластувања – стипулирана во чл. 63 од цитираниот ЗСКСИ (2019), како антикорупциски lex specialis, кога како службени лица биле должни одлуките да ги донесуваат совесно, водејќи сметка за сите факти и околности на конкретниот случај и за начелото за законитост и справедливост, а кое што пак незаконско постапување сега е и потврдено со Пресуда бр. 3 РО -3581/22 на Основниот граѓански суд Скопје и Пресуда бр. РОЖ -2029/23 од 04.10.2024г на Апелациониот суд Скопје.

Го повикуваме надлежното Основно Јавно Обвинителство, да отворат истрага против горенаведените лица, со цел да се утврди нивната одговорност како за овој случај така и за стотиците останати извршени незаконски постапувања од кои што се нанесени голем број на штети на вработени во МВР како и за штетите на Буџетот на Р.Македонија кои се настанати од над 25 милиони евра, и тоа од извршени злоупотреби на службени положби и несовесно работење предизвикувајќи да бидат исплатени судски трошоци, извршители, камати како и за надомест на штети.

Исто така ги охрабруваме колегите вработени во Министерството за внатрешни работи,сите оние кои се оштетени од незаконски постапувања да ги пријават до надлежните институции, за конечно да се стави крај на башибузукот од злоупотребите на службени положби како и на толерирано несакционираното искористување на моќта од дадените  функции за ставање  над  и непочитување на законските прописи а кое незаконито постапување е резултирано на сметка од надомест на  штети  со парите на граѓаните.   

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се огласи Груби: Чист сум како солза, но се повлекувам од политиката и јавниот живот
Следна Статија (Видео) Сити на колена пред Јувентус, Абрахам во самиот финиш му донесе победа на Милан против Црвена звезда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На бадниковата трпеза треба да има непарен број јадења, а оваа намирница е задолжителна покрај лепчето со паричка

Според традицијата, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ковачев: Македонците веќе се во ЕУ – 216.000 граѓани имаат бугарски пасоши

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев вели дека не им е лесно на колегите во Северна Македонија. Не…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

На денешната собраниска седница на која се дискутира за интерпелациите на членовите на Судски совет, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник 38 степени

Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?