Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Погодени полициски бараки во Чеченија, има ранети; Кадиров: Патетична акција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Погодени полициски бараки во Чеченија, има ранети; Кадиров: Патетична акција
СВЕТ

(Видео) Погодени полициски бараки во Чеченија, има ранети; Кадиров: Патетична акција

Објавено December 12, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Украински дрон удри во покривот на полициската касарна во руската кавкаска област Чеченија, при што беа повредени четири лица, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, што е втор ваков инцидент за една недела.

„Дронот детонираше во воздух, го оштети покривот и ги скрши прозорците“, напиша Кадиров на апликацијата за пораки Телеграм за инцидентот во главниот град на регионот, Грозни.

„Паѓањето на урнатините предизвика мал пожар кој брзо беше изгаснат. Четворица припадници на единицата што ја обезбедуваа зградата се здобија со полесни повреди“, додаде Кадиров. Чеченскиот лидер минатата недела изјави дека дрон удрил во покривот на полициски објект, иако не е јасно дали се работи за истата зграда.

Во октомври, покривот на воениот центар за обука во чеченскиот град Гудермес беше запален, во првиот напад од украинско беспилотно летало насочено кон Чеченија од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Во септември Кадиров се пофали дека Чеченија, која има околу 1,3 милиони жители, испратила околу 47.000 војници во Украина од почетокот на војната. Кадиров е познат по неговата апсолутна лојалност кон Путин и постојано го изразува своето уверување дека Путин треба засекогаш да остане претседател на Русија.

„Нема да бидам изненаден ако украинската нацистичка команда гласно им извести на своите западни господари за колосалните резултати од грандиозната специјална операција. Тоа е единствената поента на таква патетична акција“, изјави шефот на Чеченија по последниот украински напад.

Според него, ваквите обиди „само ја зајакнуваат вербата во победа и желбата за брза пресметка со непријателот“. Кадиров, исто така, извести дека резерва од 84.000 доброволци и борци од единиците од Чеченската република е подготвена да оди во првите редови веднаш штом ќе ја добие наредбата.

#BREAKING ⚡️🇺🇦 — Ukrainian forces hit Grozny, the capital of the Russian Republic of Chechnya. pic.twitter.com/PTvlchfogM

— UK R REPORT (@UKR_Report) December 11, 2024

More from Chechnya 🔥💥 https://t.co/m8GQzV9aM7 pic.twitter.com/RSd76voN9M

— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) December 11, 2024
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Џим Кери ја прекина својата пензија поради неговата позната улога: „Искрено, ми требаат пари“
Следна Статија Тренерот на Црвена звезда: Не нè сакаат во ЛШ, голот е фаул и ова е голем срам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција

Еден од најбараните криминални водачи во Шведска е уапсен во Турција во рамки на операција против трговија со дрога, соопшти…

July 4, 2025
СВЕТ

Од затворот во Њу Орлеанс избегаа 11 затвореници, еден е уапсен

Денеска 11 затвореници кои се сметаат за вооружени и опасни, избегаа од затворот во Њу Орлеанс во американската држава Луизијана,…

May 16, 2025
СВЕТ

ВО ЖИВО Почна пренесувањето на телото на папата

Во Каза Санта Марта, кардиналите се собрани во молитва. „Го придружуваме Френсис на ова последно патување, со сите добри дела…

April 23, 2025
СВЕТ

Петмина загинати, меѓу кои и дете, во автобуска несреќа на автопат кај Нијагарините водопади (ВИДЕО)

Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?