Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Златото поскапе за 28 отсто од почетокот на годината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Златото поскапе за 28 отсто од почетокот на годината
Blog

Златото поскапе за 28 отсто од почетокот на годината

Објавено December 13, 2024 20:40
Сподели
Сподели

Цените на златото се зголемија за повеќе од 28 отсто оваа година, поттикнати од силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во период на зголемени геополитички тензии, објави Светскиот совет за злато (WGC).

Годинава со златото се тргуваше по просечна цена од 22 отсто повисока од лани, а во третиот квартал вкупната побарувачка првпат надмина 100 милијарди долари, покажуваат пресметките на WGC.

Цените треба би требало да растат и во 2025 година, но „поумерено“ отколку во 2024 година, според WGC.

„Сите сакаат да знаат дали во вториот мандат во Белата куќа ќе ја поттикне американската економија“, посочуваат тие во годишниот извештај.

Инвестициска побарувачка, пак, годинава ја потикнаа геополитичките ризици и остри флуктуации на бројните регионални финансиски пазари, објаснуваат тие.

Исто така, треба да се додаде дека во поголемиот дел од третиот квартал, западните инвеститори се вратија на златото, бидејќи централните банки почнаа да ги намалуваат клучните каматни стапки.

Централните банки продолжија да ги полнат резервите со злато, зголемувајќи го темпото на купување во октомври, а трендот ќе продолжи и во 2025 година.

Побарувачката во Кина и Индија, најголемите пазари на злато во светот, треба да биде силна и во следната година, додаде WGC.

Прогнозите за кинеската побарувачка се засенети од заканата од трговски војни (со САД и ЕУ – з.р.), кои би можеле да го забават економскиот раст.

Индиската економија, исто така, би требало да порасне за 6,5 проценти во 2025 година, со само поблаго влијание на можните царини отколку кај другите трговски партнери на САД, со оглед на значително помалиот американски трговски дефицит во билатералната трговија.
Силниот економски раст треба да ја поддржи индиската побарувачка за злато, проценува WGC.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО5“ стандард, бараат граѓански организации
Следна Статија Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Во Германија забележано неверојатно поскапување: Цените на чоколадата и чоколадните јајца се искачени до небо

Според извештајот на Германскиот завод за статистика, потрошувачите во март оваа година платиле за 16,7% повеќе за чоколада во споредба…

April 21, 2025
Blog

Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие

Првото полугодие од 2025 година Реплек АД го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за…

August 1, 2025
Blog

Бројот на банкроти во Германија е најголем во последните 10 години

Германската економска криза не е завршена, а бројот на банкротирани компании расте. Минатата година, 16,8 отсто повеќе компании започнале стечајни…

January 15, 2025
Blog

Биткоинот падна под 100.000 долари откако САД го нападнаа Иран

Биткоинoт падна под 100.000 долари за првпат од мај, а етер нагло се намали, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?