Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО5“ стандард, бараат граѓански организации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО5“ стандард, бараат граѓански организации
МАКЕДОНИЈА

Забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО5“ стандард, бараат граѓански организации

Објавено December 13, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Претставниците на О2 иницијативата побараа забрана за увоз на возила постари од 10 години и со „ЕУРО 5“ стандард, како и ограничување на увозот на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард. Ова барање е дел од напорите за намалување на аерозагадувањето во Македонија, кое предизвикува сериозни здравствени проблеми, особено меѓу децата.

  • Сообраќајот учествува и до една третина во аерозагадувањето кога се мери покрај сообраќајниците. Возилата испуштаат над 200 токсични соединенија од кои голем дел се канцерогени, влијаат врз генетскиот материјал и се особено штетни за децата во развој. Нашето барање е да се ограничи увозот, по примерот на Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора – возила кои се користени да не можат да бидат постари од 10 години и не под Еуро 5 стандард, а новите возила да бидат под Еуро 6 стандард – изјави Татјана Чакулев, член во 02 Инцијатива.

Во барањето се нагласува дека постарите возила, кои испуштаат токсични хемиски супстанции како бензен и толуен, се посебно опасни, бидејќи овие емисии директно ги вдишуваат луѓето, а особено децата, кои се наоѓаат во близина на издувните гасови. Слични мерки веќе се имплементирани во земји како Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

Ели Пешева член на О2 Иницијатива, рече дека преку ова барање не повикуваат кон скратување на единствениот начин на превоз низ градот Скопје, туку испраќаат барање до Владата и надлежните да се најде начин и да се регулира јавниот превоз. Како пример ги даде сите држави од регионот кои користат јавен превоз кој не загадува, односно користат електрични автобуси и такси-превозниците користат електрични возила.

Претставниците на О2 иницијативата истакнаа дека и покрај економските придобивки од увоз на поевтини возила, здравјето на граѓаните треба да биде приоритет, а истакнаа и потребата од подобрување на јавниот транспорт, особено со електрични автобуси, како решение за загадувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година
Следна Статија Златото поскапе за 28 отсто од почетокот на годината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јовева: ЕК треба јасно и гласно да каже дека Македонија има напредок, не е фер да се става во ист кош со Србија и БиХ

Мислам дека не е фер Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев ја предводи делегацијата на БЈБ која е во прва официјална посета на…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?