Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади

Објавено December 14, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Владата на Република Македонија разговара со Влади на силни западноевропски земји, за да се доизградат болниците во Штип и Кичево, потврди денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицковски кој по отпочнување на доизградбата на градинката во село Таринци во Општина Карбинци одговараше на новинарски прашања. Тој посочи дека веќе тимови на овие земји биле на терен, за да ја видат состојбата со доизградбата на болниците.

Создаваме еден вид на конкурентност. Навистина станува збор за моќни држави, во топ пет држави, една, не е тајна дека е Франција. Јас тоа го зборував со претседателот Макрон на таа билатерална средба и нормално тие што ќе дадат најдобри услови, тие ќе ги прифатиме. Тоа е пракса да се потпишуваат Влада со Влада договори и јас мислам, не мислам, сигурен сум дека ќе биде дел од Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, а потоа продолжуваме и со другите реформи во здравство, изјави Мицкоски.

На новинарско прашање за растот на издадени градежни дозволи за станбени згради и дали станува збор дополнителен подем на градежништвото, премиерот Мицкоски одговори дека претпоставува оти има побарувачка, а кога има побарувачка, мора да се одговори на пазарот. Забележа дека тоа е добро и го радува, бидејќи градежништвото е една од позначајните гранки, која влијае позитивно на економијата и во зголемувањето на Бруто домашниот производ (БДП).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Ќе има одговорност за сите злоупотреби, веќе се постапува
Следна Статија Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Eден од сопствениците на дискотеката во Кочани барал одобрение уште во 2012 година, тогашниот градоначалник не дозволил

„Бараме да не се издава одобрение или лиценца за дискотека или ноќен клуб“, се вели во документ од Општина Кочани…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Никој не го поканил пратеникот на Радев во некаква влада!

Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат.Прес-конференциите кои…

May 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кошта ни порача дека е време за чекор напред

Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ многу години, време е да се направи чекор напред, вели во официјалното…

May 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Од 111 прегледани граѓани во Трубарево, 11 се испратени на дополнителни прегледи на „Пулмологија“

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?