Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешен фудбалер на Манчестер Сити избран за претседател на Грузија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Поранешен фудбалер на Манчестер Сити избран за претседател на Грузија
СВЕТ

Поранешен фудбалер на Манчестер Сити избран за претседател на Грузија

Објавено December 14, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили денеска е избран за нов претседател на Грузија. Кавелашвили лесно ги доби гласовите бидејќи владејачката партија Грузиски сон го контролира 300-члениот изборен колеџ што ги замени директните претседателски избори во 2017 година.

Кавелашвили беше напаѓач на Манчестер Сити и неколку клубови од швајцарската Суперлига. Тој беше избран за пратеник во парламентот во 2016 година на листата на Грузискиот сон, а во 2022 година беше ко-основач на политичкото движење „Моќта на народот“, кое е во сојуз со Грузискиот сон и стана познато по силната антизападна реторика.

Грузиски сон ја задржа контролата врз парламентот по изборите на 26 октомври за кои опозицијата тврди дека биле наместени со помош на Москва. Грузиската претседателка во заминување Саломе Зурабишвили и главните прозападни партии оттогаш го бојкотираа парламентот и побараа повторување на гласањето.

Грузиски сон вети дека ќе продолжи да се залага за членство во ЕУ, но исто така сака да ги „ресетира“ врските со Русија. Критичарите го обвинуваат Грузиски сон, основан од Биџина Иванишвили, милијардер кој се збогатил во Русија, дека станува се поавторитарен, обвинение кое владејачката партија го негира.

Саломе Зурабишвили е претседателка од 2018 година и вети дека ќе остане на функцијата и по истекот на нејзиниот шестгодишен мандат во понеделник, опишувајќи се себеси како единствениот легитимен лидер до одржувањето на новите избори.

ЕУ, која ѝ додели на Грузија кандидатски статус во декември 2023 година, под услов земјата да ги исполни критериумите, го стави во мирување нејзиното пристапување и ја прекина финансиската поддршка во јуни по усвојувањето на законот за „странско влијание“.

Илјадници демонстранти се собираат секоја вечер пред зградата на парламентот, откако владата најави прекин на преговорите за пристапување во ЕУ на 28 ноември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген
Следна Статија Е.Пелистер го доби вечното дерби против Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

НАСА го комплетира телескопот од следната генерација кој може да открие дали сме сами во вселената

Ако секој пат кога откривате нешто ново за космосот ве прави возбудени, тогаш 25 ноември можеби бил значаенден за вас.

December 18, 2025
СВЕТ

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Царините планирани од американскиот претседател Доналд Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка…

April 2, 2025
СВЕТ

Безбедносен скандал ја тресе Британија: „Протекоа“ информации за шпиони и за воените сили

Неодамна протечените податоци за авганистанските соработници на Велика Британија, исто така, содржеа детали за шпиони и специјални сили, објави денес…

July 19, 2025
СВЕТ

Германскиот вицеканцелар: Администрацијата на Трамп ги напаѓа западните вредности

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна напад врз заедничките западни вредности, кои „треба да се сфатат многу сериозно“, изјави…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?