Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИС згасна по 33 години: Струмица остана без телевизиски медиум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВИС згасна по 33 години: Струмица остана без телевизиски медиум
МАКЕДОНИЈА

ВИС згасна по 33 години: Струмица остана без телевизиски медиум

Објавено December 15, 2024 10:00
Сподели
Сподели

По три децении постоење, регионалната телевизија Канал ВИС од Струмица ги затвори своите врати, оставајќи го градот без единствената телевизија што информираше за локални и регионални настани. Сигналот е изгаснат веќе неколку дена, а вработените се пријавени во Агенцијата за вработување, пренесува „сдк.мк“.

Телевизијата, која беше една од најстарите во земјата, започна како локална медиумска куќа, а во последните десет години функционираше како регионален сервис. Канал ВИС беше дом на повеќе од десетина новинари, сниматели и технички персонал, но од летово тимот беше сведен на минимум.

Минатата година, Канал ВИС беше купен од струмичката фирма „Синерџи Груп Инженеринг“. Во текот на изборната кампања за парламентарните и претседателските избори во 2024 година, телевизијата доби 125.000 евра од Државната изборна комисија за политичко рекламирање.

Во август 2024 година, АВМУ ја одзеде концесијата на Канал ВИС поради неплатен годишен надоместок и недоволен кадровски капацитет. Иако менаџментот подоцна ги подмири обврските и ја врати концесијата, телевизијата продолжи со минимална програма до ноември. Потоа, вработените добија откази, со три неисплатени плати.

Покрај Канал ВИС, во Струмица своевремено работеа и телевизиите Интел, Телеканал А1, ТВ Струмица и Јул ТВ. Денес, од традиционалните медиуми во општината функционираат само три радиостаници, кои не произведуваат сопствени вести.

Со затворањето на Канал ВИС, Струмица останува без локален телевизиски медиум, што дополнително го осиромашува медиумскиот простор во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Новогодишна кошница“ – 900 производи од денеска со пониски цени, инспекторите на терен
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Груби и СДС го приватизираа судството кое носеше одлуки по нивна нарачка, дали и парите од митото заеднички ги делеле?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу работи заедно. Свесен сум дека се живее тешко и нашата желба е тоа да…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како изгледа пожарот во Трубарево

Пожар избувна во компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анестезиологот кој снимаше пациентки и ги објавуваше на ТикТок се враќа на работа

Три години по апсењето кое предизвика голема јавна реакција, анестезиологот Валтон Дервиши од Болницата во Тетово се очекува да се…

May 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бронзен медал за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки која се одржува во Бон

Македонските ученички – информатичарки трета година по ред се оние коишто го најавуваат успешното учество за Македонија на меѓународните олимпијади…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?