Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утрово претрес во домот на Груби, тој уште не е дома, а го нема ни екс-директорот на Лотарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Утрово претрес во домот на Груби, тој уште не е дома, а го нема ни екс-директорот на Лотарија
ХРОНИКА

Утрово претрес во домот на Груби, тој уште не е дома, а го нема ни екс-директорот на Лотарија

Објавено December 16, 2024 10:46
Сподели
Сподели

Во голема полициска акција на МВР утрово направен е претрес на повеќе места, а во врска со сомнежи за организиран криминал во Лотарија на Македонија. Меѓу останатите, како што дознава „Република“, направен е претрес во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој не беше пронајден таму.

Како што преку социјалните мрежи потврди, Груби е во Косово, но тврди дека не пребегнал, ниту е во бегство, туку планира да се врати. Против него веќе се води истрага за друг случај, за вмешаност во судски процес, за кој се најде на американската црна листа.

Во случајот со сомнежите за тежок криминал во Лотарија, во моментот се трага и по поранешниот директор Прпарим Бајрами, кој исто така не бил во домот и за кого, како што дознаваме, постојат сомнежи дека пребегнал на Косово уште пред неколку месеци. Неговото семејство, наводно, ветило дека тој ќе се врати.

Во неговиот дом, според нашите извори, пронајдена се поголема количина на пари, над 50 илјади франци во кеш.

Паралелно, во тек е и акција против мафијашките кланови.

Синоќа се апсеја членови на клановите Дуќанџиќ и Арачиново. Засега уапсени се 7 лица. Пронајден е кеш и оружје, се трага по уште оружје кое е сокриено, а за кое полицијата има траги и сознанија. Со акцијата се расветлуваат неколку познати, најмалку 4 убиства меѓу клановите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
Следна Статија (Видео) Експлозии во Сирија: „Најсилниот израелски напад од 2012 година“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина…

July 7, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Четворица повредени во вечерашната сообраќајка во Скопје

Четворица повредени и пренесени во болница е билансот од сообраќајната несреќа, што се случи вечерва на мостот Гоце Делчев во…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Куќа во Гази Баба се запалила во вторникот, а пожарот бил изгаснат и немало повредени. Според информациите од Министерството за…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Разбиена терористичка организација во Македонија: Уапсени четири лица од Струга и Гостивар

Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?