Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вртеле ли членови на семејството на Палчо на бројот на Вања?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вртеле ли членови на семејството на Палчо на бројот на Вања?
ХРОНИКА

Вртеле ли членови на семејството на Палчо на бројот на Вања?

Објавено December 16, 2024 17:20
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеа двајца сведоци, Елвис Ибраими и Тодорче Георгиевски.

Ибраими, виш инсектор во СВР Скопје учестувал во претресот на 3.12. 2023 година во селото Глумово во куќата на Баже Палевски, брат на обвинетиот Љупчо. Ибраими објасни дека при претресот биле одземени лаптот, таблет и ајфон. При тоа телефоните на членовите на семејството не биле запленети туку задржани на масата додека траел претресот. Од еден од телефоните Баже во пристуство на полицијата се јавил кај својот адвокат кој набрзо дошол.

Сличен исказ даде и Тодорче Георгиевски од секторот за компутерски кримиминал кој рече дека не постои можност некој од членовите на семејството Палевски да вртел на телефон додека полицијата била таму.

Но, во судницата настана целосен шок кога Љупчо Палевски индиректно призна дека брат му сепак вртел на бројот на Вања.

Кога е вршен упадот Вања е мртва веќе пет дена. Зошто полицијата не го повика брат ми да каже дали вртел? праша обвинетиот Палевски.

Како што дознава „Република“, постои листинг од еден мобилните оператори дека е вртено на бројот на Вања. Тој телефон наводно го користела мајката на Палевски. Но, телефоните не се одземени, ниту се вештачени. Одземен е само лаптот, таблет и еден ајфон.

Исто така, навистина е чудно зошто двајцата сведоци не го потврдија настојувањето на обвинителката која се трудеше да извлече дека додека траеле претресот некој свртел на бројот на Вања.

На следното рочиште во петок ќе се изведуваат материјални докази и ќе видиме дали меѓу нив ќе биде и овој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бебе почина на Детската клиника во Скопје, според Мемеди имало здравствени проблеми
Следна Статија Мицкоски: Почна силната робусна борба против криминалот и корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен полицаец: Испукал куршум во соба со луѓе

Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој…

May 1, 2025
ХРОНИКА

СЕМЕЈСТВОТО НА ФРОСИНА БАРА НАЈВИСОКА КАЗНА: Признанието на Васил не ни ја намали болката!

Васо не оди таму самостојно туку други му рекле да се врати да види што направил. Повикуваме да ја изречете…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Тројца млади скопјани излетале со возило кај Страцин

Возило излетало од пат вчера пред полноќ во кратовско. Повреденисе три млади лица од Скопје. – На 03.11.2025 околу 23:30…

November 4, 2025
ХРОНИКА

Предметот за пожарот во „Пулс“ префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно…

July 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?