Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мизо: Не се очекуваат отпуштања кај македонските фирми за автомобилски делови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мизо: Не се очекуваат отпуштања кај македонските фирми за автомобилски делови
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Не се очекуваат отпуштања кај македонските фирми за автомобилски делови

Објавено December 16, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо не смета дека ќе има отпуштања во македонските фирми кои се занимаваат со производство на автомобилски делови, но можно е, како што оцени денеска, да се намали обемот на работа кај некои од нив поради ситуацијата во Германија и генерално во Европа.

Според Мизо, автомобилската индустрија ќе ја преброди кризата иако намалување на профитите е реално да се очекува.

– На денешниот состанок во Владата не беа сите компании од автомобилската индустрија. Намалување на профитите е реално да се очекува. Тоа што се случува во Германија влијае врз компаниите не само кај нас, туку и на глобално ниво. Следната година Европа ќе мора да ја врати конкурентноста на производителите на автомобили поради притисокот од Кина од аспект на трошоците, повисоката технологија и пониските цени на возилата, но и развојот на возила во Европа ќе треба да биде направен на побрз и подинамичен начин. Ќе има и рационализација на трошоците секаде низ Европа. Тоа е факт, но авотмобилската индустрија е во криза секоја година или година и пол, сме биле во криза и порано, ќе ја пребродиме и оваа, подвлече Мизо.

Во однос на нашите фирми, напомена дека ќе продолжат да работат колку што е потребата на клиентите.

– Тоа зависи од пазарот во Европа, но и од моделот за кој се изработуваат компоненти на различните локации во Македонија, не можам да дадам еден одговор за сите. Може да има на некои места намалување на обемот на работа, не би рекол дека ќе има отпуштања. Понекогаш има природна флуктуација на вработени, можеби веднаш нема да се пополнуваат тие работни места до моментот додека бизнисот се врати на очекуваните нивоа, објасни Мизо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема да се зголеми ДДВ, уверуваат од Владата
Следна Статија Државните вили во Охрид и Лазарополе се распаѓаат, а немаат ни имотен лист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра

Долгот на граѓаните кај банките во јануари порасна на 250,1 милиони денари или повеќе од 4 милијарди евра. Овој долг…

February 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Златото се приближува до 4.000 долари

Златото се искачи на уште едно рекордно високо ниво – близу 4.000 долари за унца – додека затворањето на американската…

October 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извозот зголемен за 1,8 отсто: Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?