Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да се зголеми ДДВ, уверуваат од Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Нема да се зголеми ДДВ, уверуваат од Владата
Blog

Нема да се зголеми ДДВ, уверуваат од Владата

Објавено December 16, 2024 16:15
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата нема намера да ги зголемува давачките откако Светска банка предложи зголемување на ДДВ-то од 18 на 19 проценти.

Најлесен начин да се решат проблемите е да ги сведеме на дополнителни давачки за граѓаните. Оваа Влада нема намера тоа да го прави. Ќе се бориме на начин на којшто ќе обезбедиме да останат истите услови на пазарот за истите давачки, дури ако може и да ги намалиме тие давачки за граѓаните. А притоа, сите оние што се дел од сивата економија, преку мерките што ќе ги преземаме, ги предупредивме дека треба да бидат пренасочени во формалниот пазар, односно да ја намалиме сивата економија и сите што работат надвор од формалната економија, да влезат во белата зона, да може да ги зголемиме буџетските приходи – подвлече премиерот.

Еден од начините, според Мицкоски, е проектот е – фактура што е почнат. – Ако се направи анализа на овој проект во државите кога почнал да се спроведува, буџетските средства дополнително се зголемиле за одреден двоцифрен процент. Немаме намера да ги зголемуваме давачките, нагласи Мицкоски.

Според Мицкоски, јавниот долг можно е да биде помал од проектираниот.

Можеби под 61 отсто ќе биде. За да имате ваков начин на функционирање на економијата, треба да имате силен раст на номиналниот Бруто домашен производ. Ние не го правиме тоа исклучиво само преку стимулирање на јавната потрошувачка. Да, тоа има нето ефект исто така. Ние тоа го правиме и преку инвестициите, реализирањето на капитални инвестиции во приватниот сектор, странските инвестиции, но и реализацијата на капитални инвестиции од државата. Тоа е начинот на којшто ќе се бориме. Немаме друг начин. Нормално, паралелно со ова, и намалување на сивата економија, реализација на проектот е – фактура, враќање на правдата, сигурноста – појасни Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со месеци делел празнични бонуси за лица кои ни час не поминале работејќи на празник
Следна Статија Мизо: Не се очекуваат отпуштања кај македонските фирми за автомобилски делови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет, Академијата за судии и корумпираните судии и обвинители

Новиот индекс на Транспаренси Интернејшнл е уште еден доказ дека е потребен сериозен ремонт во судството и обвинителството, оправдувајќи ја…

February 11, 2025
Blog

Резултати од универзитетски фудбал, рангирања и highlights во 13-та недела

Неколку кандидати за College Football Playoff јасно ги прикажаа своите квалитети во претпоследната недела од редовната сезона

November 24, 2025
Blog

Од PayPal до SpaceX: Како Илон Маск ја изгради својата империја

Продажбата на PayPal на eBay во 2002 година за 1,5 милијарди долари означи пресврт во кариерата на Илон Маск –…

January 7, 2025
Blog

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Во понеделникот попладне, премиерот Виктор Орбан учествуваше во дискусии со Доналд Трамп, Илон Маск и Мајкл Волц во Мар-а-Лаго. Унгарската…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?