Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Сите оние политички неработници кои седат дома и земаат плата, нема повеќе да земаат плата за неработење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Сите оние политички неработници кои седат дома и земаат плата, нема повеќе да земаат плата за неработење
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Сите оние политички неработници кои седат дома и земаат плата, нема повеќе да земаат плата за неработење

Објавено December 17, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека за разлика од порано, со сегашната Влада има поголема дисциплина и се работи, а сите кои седат дома и земаат плата, нема повеќе да земаат плата за неработење.

-Сега има поголема дисциплина и се бара работа. Сите оние политички амнестирани и привилегирани неработници од било која политичка партија кои не одат на работа, а земаат плата, нема повеќе да одат на работа и нема повеќе да земаат плата. Без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци или од било кој друг етникум, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека или ќе работат за таа плата или нема да работат и посочи дека во рамки на институциите нема дисипација на енергија, кадри или било што.

Во однос на тоа како граѓаните ја гледаат работата на владата, премиерот Мицкоски истакна дека расте задоволството од работата на оваа влада, односно дека многу е поголем процентот на задоволни граѓани споредено со минатата влада.

„Ако направиме компарација од овие шест месеци на оваа влада и пред една година претходната влада ќе видите дека дури и мнозинството Албанци сега се позадоволни, во коефициент 2 повеќе од тоа што било порано, а генерално 3,5 пати повеќе граѓаните се позадоволни од минатото.“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Косовски почесен конзул му помогнал на Груби да помине на Блаце
Следна Статија Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николовски: Постигнавме историски успех – во јули највисока месечна наплата на приходи од 12,6 милијарди денари

„Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските берзи растат, нафтата под 100 долари

Цените на нафтата бележат пад во раното тргување во петокот, продолжувајќи го негативниот тренд под влијание на зголемениот оптимизам за…

April 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика,…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на пролетните средби во Вашингтон: Носителите на политиките ќе разговараат за светската економија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја претставува нашата…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?