Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ: Мерки за претпазливост за четири лица во случајот Лотарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ: Мерки за претпазливост за четири лица во случајот Лотарија
ХРОНИКА

ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ: Мерки за претпазливост за четири лица во случајот Лотарија

Објавено December 17, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, одземени им се патните исправи и наложено е и редовно јавување на службено лице, а доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица.

– Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, дополнуваат од Кривичен.

Мерките произлегуваат по истрагата на Обвинителството против две лица за проневера и четири лица за злоупотреба на службена положба. Доказите покажуваат дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во Државна лотарија, нанеле штета од 501.319.119 денари на друштвото преку незаконски набавки на видеолотариски терминали.

Првоосомничениот предложил набавка на терминали, иако знаел дека е незаконска, а второосомничениот ја поддржал набавката како вицепремиер. Терминалите никогаш не биле употребени.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија. Опфатени се и поранешен генерален секретар и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почувствуван земјотрес во Скопје со јачина од 3,1 степен
Следна Статија Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за купување на нови велосипеди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ова е „бе-ев-вето“ што дрифташе низ Кавадарци

На 12.03.2025 во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки…

March 14, 2025
ХРОНИКА

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Девојче нападната со остар предмет од нејзиното поранешно момче

На 17.12.2024 во 21:30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од с.Бојане, скопско, пријавила дека на 15.12.2024 околу 20:30 часот…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Во двор во Арачиново фрлени шишиња со запалива материја

На 26.01.2025 во 02:29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во с.Арачиново, скопско, во која…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?