Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2300 денари ќе се плаќа 21 денар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2300 денари ќе се плаќа 21 денар
ЕКОНОМИЈА

Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2300 денари ќе се плаќа 21 денар

Објавено December 18, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Од први јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи за 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Претседателот на РКЕ, Марко Бисломоски вели дека регулаторите првпат го искористиле контролниот механизам во определување на цената на електричната енергија со цел да не се предизвика голем ценовен шок оти ЕВН побара зголемување на цената за 4,4 проценти. Марко Бисломоски.

Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 %. Првиот блок за 0,68 %, вториот блок за 0,9 %, третиот блок 1,93 % , четвртиот блок 2,24 % и евтината тарифа за 0,9 %. Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое што има сметка од, да речеме, 2300 денари, со зголемувањето на цената на електричната енергија трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар – рече претседателот на РКЕ, Бислимоски.

За првиот блок цената на енергијата е 4,44 денари, мрежарината за сите е 2,14, односно вкупната цена на струјата во првиот блок е 6,5865 денари за киловат час. Претходно изнесувала 6,53 денари.

Цената на струјата во вториот блок, збирно енергија и мрежарина, е 7,71 денар, а претходно изнесувала 7, 64 денари.

Цената на електричната енергија во третиот блок е 9, 57 денари, а претходно изнесувала 9,39 денари.

Цената на електричната енергија во четвртиот блок е 20,4 денари, а претходно изнесувала 20 денари.

Цената на струјата во евтината тарифа изнесува 4,12 денари. Претходно изнесувала 4,08 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец, поведена истрага
Следна Статија Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ укина три авиолинии од аеродромот во Скопје, до Келн, Копенхаген и Стокхолм, со стапување на сила…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост

Хидроцентралата Чебрен да биде во државна сопственост. За оваа владина идеја на маса се седнати стручни лица од сите опфатени…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република  Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

November 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 19…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?