Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец, поведена истрага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец, поведена истрага
ХРОНИКА

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Објавено December 18, 2024 12:41
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 16 декември полициски службеници на улицата „Архимедова“ во Скопје запреле за преглед автомобил во кој се превезувал осомничениот, па во тој момент кај него нашле над 100 различни полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна количина од 161,29 грама, како и уште 25 пакувања хероин со вкупна количина од 44,01 грама. Му била запленета и дигитална вага со остатоци од кокаин и хероин, пет мобилни телефони и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
Следна Статија Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2300 денари ќе се плаќа 21 денар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Заедничка акција на Царината и МВР: Спречено криумчарење на два килограми кокаин на Меѓународен Аеродром Скопје

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен…

November 11, 2024

Врховниот суд ја укинал пресудата за дрога за Васил Јованов уште пред тој да признае вина за прегазувањето на Фросина

Врховниот суд на 7-ми мај ја укинал пресудата со која Васил Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци…

May 14, 2025
ХРОНИКА

Обвинителката Стојковиќ за таткото на Вања: Немавме докази „во форма каква што би посакале“

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска по пресуата даде изјава во која најави жалба на ослободителната пресуда за таткото на убиената Вања…

June 25, 2025
ХРОНИКА

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови, девизи…

Во текот на минатата недела, царински службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, пришто привремено се задржани: -27 штеки…

December 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?