Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пари за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите, изјави Димитриеска Кочоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Пари за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите, изјави Димитриеска Кочоска
ЕКОНОМИЈА

Пари за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите, изјави Димитриеска Кочоска

Објавено December 18, 2024 16:20
Сподели
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82
Сподели

Пратеникот Благој Бочварски од Социјалдемократскиот сојуз на денешната Седница во Собранието на Македонија постави повеќе прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, меѓу кои и за покачување на минималната плата на 450 евра во услови на растечки цени. Министерката одговори дека ќе обезбеди средства според договорот постигнат меѓу синдикатите и работодавачите.

Покрај за минималната плата, пратеникот Бочварски праша и за реализацијата на општинските проекти за кои се обезбедени финансиски средства, како и за средствата од ребалансот на буџетот за 2024 година.

Димитриеска Кочоска посочи дека буџетскиот дефицит е помал од претходно. Во врска со капиталните инвестиции, министерката најави дека следната година ќе има зголемување и дека ќе се разгледаат причините за досегашната ниска реализација.

-Не е точно дека буџетскиот дефицит е поголем, помал е. Во економијата бројките се егзактни. Во однос на минималната плата, како ќе кажат синдикатите и работодавците, така ќе направам, имам обврска тоа да го обезбедам. Во однос на капиталните инвестиции, ќе излезат работите на виделина и ќе видиме зошто имаме толку ниска реализација на капиталните инвестиции. Следната година ќе имаме зголемување, рече таа.

Министерката ги покани сите заинтересирани за подетални објаснувања и нагласи дека сите проекти ќе се реализираат како што било проектирано.

Таа, исто така, информираше дека тендерите за проектите на општините во износ од 100 милиони евра се распишани и реализацијата трае до 31 декември 2024 година.

– На 31.12.2024 ќе добиете точен одговор, ќе дадам податок во однос на општинските проекти, колку пари ќе бидат реализирани, дополни таа.

За следната година, таа изјави дека за овие проекти се планирани 250 милиони евра, со побрза динамика на реализација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски- Калас: Потреба ЕУ да го забрза процесот- Македонија заслужува да оди напред во интеграциите
Следна Статија Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали XRP е на пат да стигне до 1 долар?

XRP забележа пад од 25% во 2026 година

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Субвенции за струја побарале 745 домаќинства – во јуни ќе се знае кои од нив ќе добие по 1000 денари

Kои домаќинства ќе добијат субвенции за електрична енергија ќе се знае во јуни кога ќе биде објавен и конечниот список,…

May 2, 2025

Идни акции мирно стојат пред извештајот за вработувањето и потенцијалната одлука за царините

Трговците се подготвуваат за декемвриски извештај за вработувањата и можна одлука на Врховниот суд за царините.

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Практичните вештини кај младите во фокусот на бизнис-заедницата

Стопанската комора на Македонија, со поддршка на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“, организираше конференција посветена на унапредување…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?