Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Ја поздравувам одлуката на РКЕ за незначително покачување на цената на струјата за домаќинствата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Ја поздравувам одлуката на РКЕ за незначително покачување на цената на струјата за домаќинствата
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Ја поздравувам одлуката на РКЕ за незначително покачување на цената на струјата за домаќинствата

Објавено December 18, 2024 20:30
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во пишана изјава за медиумите ја поздравува одлуката и, како што вели, одговорниот пристап на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која како независно тело донесе одлука за минимално, односно незначително покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата.

-Посебно сум задоволна заради минималното покачување од 0,68 отсто за првиот блок на потрошувачи, кои сочинуваат скоро 80 отсто од вкупниот број на домаќинства. Исто така за поздравување е и тоа што просечно покачување е од незначителни 0,92 отсто на цената на електричната енергија за домаќинствата, вели Божиновска во изјавата.

Нагласува дека оваа одлука е резултат на посветената соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, АД ЕСМ – најголемиот производител на електрична енергија во државата и останатите компании од енергетскиот сектор.

-Со заеднички напори успеавме да обезбедиме стабилно снабдување со електрична енергија и одржување на ценовната стабилност дури и во услови на глобални енергетски предизвици. На тој начин помагаме на животниот стандард на граѓаните, порачува Божиновска и додава дека посветеноста на АД ЕСМ кон ефикасното управување со ресурсите претставува клучен фактор за овој успех.

Во изминатиот период, потсетува, со сериозен и одговорен пристап значително ги подобривме работните процеси во енергетските капацитети во насока на намалување на трошоците, што има значаен придонес кон одржување на ценовната стабилност, но и сигурност и стабилност на енергетскиот систем на нашата земја.

-Наследивме неповолни договори од минатото, големи долгови, неподготвени енергетски капацитети и други неповолни состојби кои успешно ги решаваме. Како Министерство, остануваме фокусирани на развој и имплементација на долгорочни стратегии, како и зголемување на домашното производство на електрична енергија што ќе придонесе за ценовна стабилност. Среќни сме што првичните значајни резултати од нашата работа почнуваат да се видливи за сите, истакнува Божиновска во пишаната изјава за медиумите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕЛС бара нови партнери за франшизи во градовите низ Македонија
Следна Статија Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, изјави министерката за финансии Гордана…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан,…

January 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Купувајте злато, цената урива рекорди

Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената…

October 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на поставувањето на камен-темелник на нов продажен маркет на „Лидл“, проект кој е важен…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?