Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Здравствениот систем беше затекнат во девастирана состојба, младите кадри се клучни за обнова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Здравствениот систем беше затекнат во девастирана состојба, младите кадри се клучни за обнова
ЗДРАВЈЕ

Здравствениот систем беше затекнат во девастирана состојба, младите кадри се клучни за обнова

Објавено December 19, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Во денешното издание на поткастот, „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше Д-р Игор Николов, доцент на Медицинскиот факултет и лекар на Универзитетската клиника за нефрологија, како и прв човек на Комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ. Д-р Николов се осврна на состојбата во здравствениот систем, истакнувајќи дека беше затекнат во лоша состојба поради неефикасно управување и нагласи дека приоритет ќе бидат младите кадри. Покрај тоа, тој зборуваше и за оптимизацијата на здравствениот систем, преку реформи кои имаат за цел подобрување на функционалноста на здравствениот систем.

„Се затекна еден систем кој што е маргинализиран, девастиран и кој долго време беше изложен на долгорочно, недомаќинско работење, и резултираше со лоши планови и лоши реализации. Лошото планирање во здравството значи да немаме доволно кадри во одредени сегменти, а да имаме прекубројни кадри во други сегменти, така да се јавува дефицит, односно недостаток и на работна сила и на сила која што пружи здравствени услуги“, истакна д-р Николов.

Д-р Николов истакна дека за да се подобри здравствениот систем, приоритет ќе бидат младите кадри, задржувањето на младите лекари и специјализанти, како и стимулирањето на преносот на знаење, и доколку еден дел не функционира може да го наруши целиот систем.

„Во здравството приоритет ќе бидат младите кадри, задржување на младите доктори, и специјализанти кои што практично се оние кои што треба да го движат здравствениот систем. Треба да се стимулира преносот на знаење, бидејќи знаењето е универзално тоа не е индивидуална работа која некој треба да ја поседува туку треба да го пренесува, заради тоа што здравствениот систем е систем кој е поврзан, сличен на систем на врзани садови, и доколку еден дел од овој систем на врзани садови не функционира, можно е и целиот систем тешко да функционира, или да крахира“, додаде д-р Николов.

Д-р Николов додаде и дека благодарение на соработката со синдикатите, постигнат е договор за покачување на платите, со акцент на средно медицинскиот персонал и со посебни коефициенти за останатите работници.

„Во континуирана соработка и разговори со синдикатите на здравствените работници во Македонија се постигна договор за покачување на личниот доход на здравствените работници, и тоа најмногу на средно медицинскиот персонал, секако со одредени коефициенти за останатиот персонал кој што го движи системот“, изјави Д-р Николов.

Д-р Николов истакна и дека здравството моментално се оптимизира, со промени како укинување на економските директори во здравствените институции, што доведува до подобрена функционалност на системот.

„Во моментот здравството оди во правец на оптимизација и на подобрување на функционирањето, во смисла на тоа дека, во изминатиот период направени се промени како што се укинување на организациските односно економските директори во здравствените институции, и на тој начин е олеснето функционирањето на здравствените институции. Со самото тоа е подобрена функционалноста на здравствениот систем“, кажа д-р Николов.

Д-р Николов додаде дека се преземаат важни чекори вклучувајќи обновување на позитивната листа на лекови, вработување на младите лекари и мобилизирање на кадрите по договор на дело.

„Направени сè уште неколку чекори за коишто се многу важни за здравствениот систем, тука би ја набројал позитивната листа на лекови, каде што е променета после 10 годишен период, мотивирањето на младите кадри односно вработувањето на младите лекари специјализанти кои што се на приватна специјализација, и решавање на нивното прашање, и дополнително мобилизирањето на кадрите кои што биле долго време по договор на дело“, заклучи д-р Николов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекарите од „Козле“ од премиерот и министерот бараат разрешување на директорката
Следна Статија Му го уништи лицето на Донарума – не доби ни жолт картон (Фото и Видео)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Уништени 100 килограми небезбедно месо во Куманово – казни од 100 до 1000 евра

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во…

October 18, 2024
ЗДРАВЈЕ

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со…

June 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека и нема потреба од рефундација

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова…

October 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Првпат изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална…

December 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?