Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против компанија поради затајување данок од над 19 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против компанија поради затајување данок од над 19 милиони денари
ХРОНИКА

Кривична пријава против компанија поради затајување данок од над 19 милиони денари

Објавено December 19, 2024 12:07
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје за кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.

Имено, пријавениот Б.С., како управител на правното лице, во период од 01.01.2013 година заклучно со 31.12.2020 година, со намера да избегне плаќање на данок на добивка за пријавеното правно лице од Скопје и покрај тоа што не ги вратил примените парични средства на име на аванси примени од пет странски правни лица, во вкупен износ од 308,714.994 денари (5,019.756 евра), пријавениот не ги отпишал застарените обврски на пријавеното правно лице по основ на претходно наведените аванси, кои се постари од три години, со што примените аванси не ги прикажал како приходи во Даночните биланси на пријавеното правно лице за период од 2016 година заклучно со 2020 година, а кој податок бил од влијание за утврдување на ваквите обврски.

Поради тоа, дошло до намалување на даночната обврска за пресметка на данок на добивка, со што пријавениот не пријавил и не платил данок на добивка по пресметковна стапка од 10% во вкупен износ од 19,831.372 денари.

На тој начин, пријавениот Б.С. како и пријавеното правно лице од Скопје извршиле даночно затајување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст
Следна Статија СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и оној од Лотарија, а не реагирале за да не падне владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Паланчанец возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен…

April 20, 2026
ХРОНИКА

ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж облечен во воена униформа со пушка, лисици и со куршуми предизвика паника

Полицијата во Радовиш го приведе 49-годишниот А.У. откако бил затекнат како се движи во полна воена опрема, вооружен со пушка…

April 30, 2025
ХРОНИКА

Гори Безистенот во Струга (ВИДЕО)

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро. На терен се четири возила на Територијалната против пожарна…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Исчезнато е 11-годишно девојче од Гази Баба

Вчера рано наутро во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Р. од Скопје пријавила дека од јавната установа за…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?