Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат

Објавено December 19, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ.

Во двата договора стои дека земјите-членки треба безусловно да нè поддржуваат. Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, порача премиерот.

Билатералната соработка е клучна кога зборуваме за економска соработка, кога зборуваме за туризам, кога зборуваме за размена на know-how вештини, образованието итн. И тука тој процес има додадена вредност. Но, доколку билатералните разговори и преговори се донесуваат на идентитетските прашања, тогаш тука тој процес никако не може да заврши успешно, бидејќи е поврзан со емоцијата, а не со рационалното. Секој оној процес којшто е поврзан со емоцијата не може да биде процес којшто ќе се темели на напредок, на квалитет и на испорака на резултати. Затоа, замолив емотивните билатерални прашања да ги оставиме на страна и да ги читаме правилно договорите. И двата договора велат дека земјите-членки коишто се втора страна, во едниот Грција, во другиот Бугарија, треба безусловно да нè поддржуваат. Никаде во Договорот за добрососедство не стои делот којшто нас нè обврзува на уставни измени. Потребно е правилно да ги гледаме работите, на вистината да ѝ погледнеме во очи, а не онака нас како што ни одговара“, изјави премиерот Мицкоски за МРТ.

Премиерот нагласува дека и двата договори ветуваат безусловна поддршка од нашите соседи за нашиот пат кон полноправна членка во Европската унија. Вели дека билатерална соработка треба да има онаму каде што има рацио, додека билатерална соработка каде што има идентитетски прашања не доаѓа в предвид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Ја градиме Македонија
Следна Статија Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО+ВИДЕО) Кратко невреме во Скопје, многу штета

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево го зафати Скопје, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка по повод големиот празник Богојавление – Водици: Бог се јави!

Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление –…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“

По 13 години од почетокот на изградбата, денеска ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена…

September 28, 2025

„Безбеден град“ до крајот на годинава ќе се воведе во цела Македонија

До крајот на годината системот „Безбеден град“ ќе биде целосно имплементиран на територијата на цела Македонија, најави министерот за внатрешни…

May 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?