Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје утрово е најзагаден град во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје утрово е најзагаден град во Европа
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Објавено December 20, 2024 10:54
Сподели
Сподели

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност
Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во Авганистан, Дака во Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина, Ханој во Виетнам, а на десетто место е Скопје.

Според податоците на „IQAir“, Приштина е на 19-то место, Букурешт на 20-то, Белград на 25-то, Софија на 45-то и Атина на 63-то место.

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ на протестниот марш против аерозагадувањето што се одржа на 10-ти овој месец во Скопје побара итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3 828 до 5 000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички ПМ2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале
Следна Статија Протест пред град Скопје: Вработените од „Улица и патишта“ бараат плати и к- 15

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Меџити: Одлуката на владата за разрешување на Коцевски дојде поради континуирани правни прекршувања

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Изет Меџити, изјави дека одлуката на владата за започнување на постапката за разрешување…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фото: Маж во центарот на Скопје „уловен“ како врши нужда

Во центарот на Скопје, маж кој најверојатно не можел да се воздржи, врши нужда на јавно место.  Сето ова се…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЕМАНТ: Адреналинскиот парк е изграден по највисоки европски стандарди, секоја година поминува ригорозна инспекција од производителот од Словенија

Компанијата која стопанисува со Адреналинскиот парк во Скопје, Адвентуре сиде ДОО Скопје излезе со демант во врска со веста објавена…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вандализирана нова градинка во Бутел 1

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, на својот профил на Фејсбук објави дека е вандализирана новата детска градинка во општината.…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?