Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби
ХРОНИКА

Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби

Објавено December 20, 2024 17:00
Сподели
Сподели

МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Б.Ј. од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Тој, според МВР, не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата. Исто така, при граничната проверка  не почекал системот  да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353-в од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

На 15 декември годинава во 09.06 часот, извршувајќи работни задачи на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце, во кабина на излез од државата, со пропуштање на должен надзор, пријавениот дозволил излез на патничко возило џип „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки, управувано од А.П. од Скопје, а сопатник бил А.Г. од Скопје, за кого постоела активна мерка „задржи и веднаш извести“, согласно распишана телеграма  од Одделот за криминалистичка полиција при МВР. 
-Со ваквото дејствие, полицискиот службеник Б.Ј.  му овозможил на А.Г.  да оствари излез од државата и покрај внесената мерка „задржи и веднаш извести“, а исто така, со дејствието нанел штета на угледот на МВР. Имено, полицискиот службеник Б.Ј. не извршил адекватни  проверки за возилото „мерцедес“ при премин на државната граница, не го евидентирал за остварување на излез и патниците од возилото ги завел дека пешки ја поминале границата. Исто така, при граничната проверка не почекал системот да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  поднел предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрекол задолжителни мерки полицискиот службеник да биде суспендиран од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

Според досегашните информации, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби непосредно пред полициската акција поврзана со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија, заедно со стопанственик со дипломатско возило ја напуштил земјава и заминал во Косово.

Бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, е Арсим Папранику, успешен бизнисмен во регионот и сопственик на Нептун.

Во межувреме, Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кој е осомничен а истиот случај. Двајцата се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје
Следна Статија Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Царината заплени над 5 илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Приведени Папазов и двајца екс градоначалници на Кочани- Илиев и Димитровски

Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, неофицијално велат за Курир…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Црн чад над Скопје, гори депонијата кај Визбегово

- Голем пожар утринава има во Визбегово. Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје гори отпад.  Командантот…

July 9, 2025
ХРОНИКА

Пронајден е малиот Хадис кој се изгуби во Ченто

Четиригодишното дете Хадис, кое доцна попладнето беше пријавено како изгубено во скопската населба Ченто, е пронајден вечерва, објави неговиот татко…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?