Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За прв пат во историјата два српски ресторани добија Мишелин ѕвезда!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > За прв пат во историјата два српски ресторани добија Мишелин ѕвезда!
ЗАБАВА

За прв пат во историјата два српски ресторани добија Мишелин ѕвезда!

Објавено December 20, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Белград и Србија официјално влегоа во листата на најпрестижни дестинации кога е во прашање гастрономијата – два српски ресторани – „Langouste“ и „Fleur de Sel“ ги добија познатите ѕвезди на „Michelin“, синоним за врвен квалитет, објави пред два дена овој светски познат водич.

„Michelin Guide“, имено, четврта година по ред објави листа на ресторани во Србија кои на влезовите ќе носат престижни ѕвезди, како и препознатливи црвени табли, со кои гастрономската понуда на главниот град на Србија добива признание за нејзиниот квалитет и разновидност.

Покрај познатата ѕвезда која отиде во рестораните „Langouste“ и „Fleur de Sel“, изборот на „Мишелин“ за неговото издание во 2025 година се зголеми на уште 25 ресторани од Белград кои добија препораки.

– Ресторанот „Fleur de Sel“, кој се наоѓа во срцето на Војводина, во Нови Сланкамен, на околу 60 километри североисточно од главниот град, ја доби својата прва ѕвезда „Michelin“. Готвачот Никола Стојаковиќ, по потекло од Србија, тренирал во Франција, и неговиот тим создаваат мени проткаено со алпски вкусови. Големите прозорци на ресторанот на гостите им овозможуваат неверојатен поглед на реката Дунав – стои во соопштението за медиумите на водичот „Michelin“.

Друг ресторан кој доби Мишелин ѕвезда е ресторанот „Langouste“.

– Шефот на ресторанот „Langouste“, Марко Ѓериќ и неговиот тим обезбедуваат исклучителна кујна која на прво место ги става локалните производи. Јадењата потекнуваат од сопствената биодинамична градина на периферијата на главниот град на Србија, со што се демонстрира длабока посветеност на сезоната. Благодарение на неговото меѓународно искуство и кулинарското образование стекнато во Италија, готвачот нуди гастрономско искуство што ја одразува важноста на Белград. Резултатот? Чинии кои ги подигнуваат локалните вкусови на повисоко ниво, комбинирајќи луксуз и суптилност – се наведува во соопштението.

Кој добил препораки од „Michelin“?

Рестораните „Iva New Balkan Cuisine“ и „Исток“ сè уште ја носат многу важната етикета „Bib Gourmand“.

Ознаката „Bib Gourmand“ која го доби името по официјалната маскота на „Michelin“ по име „Bibendum“, инаку, ја добиваат ресторани со врвен гастрономски квалитет и со одлична храна по пристапни цени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 11 мртви во терористички напад на Божикен базар во Германија (Вознемирувачко видео)
Следна Статија Mицкоски го коментира Самитот во Брисел: Подготвен сум да разговарам за план којшто ќе не однесе до крај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Три хороскопски знаци влегуваат во 9 години благосостојба

Овие три хороскопски знаци се придружени со небесни благослови и 9 години апсолутно изобилство и среќа до 2035 година! Универзумот…

January 29, 2026
ЗАБАВА

„Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)

Потег снимен во виралното ТикТок видео предизвика жестока дебата и поделени мислења на социјалните мрежи. Додека „војните за лежалки“ продолжуваат…

July 7, 2025
ЗАБАВА

Русија лансира своја верзија на Евровизија

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот потпиша указ за формирање руска верзија на Изборот за песна на Евровизија, откако земјата…

February 4, 2025
ЗАБАВА

Се шири снимка од Џастин Бибер, неговото однесување е загрижувачко: „Нека му помогне некој“

Вирално видео од Џастин Бибер се шири на социјалните мрежи, кое уште еднаш ги загрижи фановите со неговото однесување. Пејачот…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?