Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали доказите на Обвинителството против Палевски се доволни?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дали доказите на Обвинителството против Палевски се доволни?
ХРОНИКА

Дали доказите на Обвинителството против Палевски се доволни?

Објавено December 21, 2024 10:09
Сподели
Сподели

Судењето на обвинетите за убиствата за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за оваа година заврши. За десет рочишта, колку што досега се одржаа Обвинителството не презентираше доволно убедливи докази дека првообвинетиот Љупчо Палевски е непосреден извршител на грозоморните убиства кои ја потресоа Македонија. А материјални докази беа прочитани над 200.

Еве што говорат доказите

Неспорен факт е дека Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов учествувале во грабнувањето на пензионерот од Велес и девојчето. Кој од нив го потегнал пиштолот засега не е јасно. Ниту еден доказ досега не го поврза Палчо дека ги убил двете жртви, а тоа е најважното и од тоа ќе зависи висината на казните што несомнено ќе ги добијат.

Обвинителството засега не поседува телефонска комуникација помеѓу Палевски и Александар Ѓорчевски, како и тоа дека обвинетите немале меѓусебни повици на деновите на грабнувањето на девојчето.Чудно, навистина чудно.

А дека знаеле што прават знале. Од разоворите што обвинетите ги имале со вешти лица констатирано е дека тие биле пресметливи.

Затоа и чуди што двете жртви се убиени на така свиреп начин.Тоа само монтрум може да го направи. Панче бил застрелан и фрлен во дупка длабока три метри, а Вања била убиена додека клечела.  И тоа со пиштол со ист калибар како велешанецот .

Но, пиштолот со кој се убиени го нема а судијата не ни го бара како доказ.Палевски вчера напомена дека чаурата која била пронајдена во близина на местото каде што е пронајдено телото на Панче но не е доставена како доказ.Зошто?

Како еден од по релевантните докази кои вчера беа прочитани е дека на лентата која била зелепена на устата на Вања се пронајдени ДНК траги од Велибор Манев.Но, и тоа не докажува дека тој ја убил. Во воводените зборови Обвинителството пак тврдеше дека на вреќата во која било „пакувано“ девојчето има траги од Палевски,но вештачењето тоа не го потврдило.

Поради сите овие нејаснотии, Палевски побара изземање на судијата Ивица Стефановски. Доколку не биде прифатено барањето за негово изземање тој ќе има тешка задача да пресуди вагајќи ги доказите од двете страни. Првата шанса ќе ја има на 20 јануари кога е закажано ново рочиште.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поголем дел од Скопје утрово остана без вода
Следна Статија (ВИДЕО) Четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург, Шолц ќе го посети местото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Затвореници се степале во затворот Идризово

На 01.02.2025 околу 22.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Идризово, било пријавено дека околу 16.40 часот во установата,…

February 2, 2025
ХРОНИКА

Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р. (29) од Скопје, поради постоење…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Шеесет и шест годишниот Т.Б од Велес вчера бил пронајден починат во неговиот дом. Лекар од Итна медицинска помош констатирал…

July 31, 2025
ХРОНИКА

Полицијата трага по Гоце Трајковски – клучниот сведок во случајот со убиството на Вања

Во Кривичен суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со испитување на сведоци. Еден од сведоците…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?