Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра

Објавено December 21, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Банките во државата располагаат со вкупни депозити од 570.298 милиони денари или 9,27 милијарди евра. На годишно ниво се зголемени за 11 насто, а месечната промена октомври-ноември е 0,9 насто. Движењата се главно стимулирани од штедачките навики на граѓаните. Истовремено, кредитирањето бележи раст по нагорна линија од 9,7 проценти, а минатот месец поместувањето е за 0,7 проценти, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Или, со ноември, вкупната кредитна поддршка е во износ од 481.410 милиони денари, односно 7,82 милијарди евра.

Кај секторот домаќинства, според ноемврискит извештај на Народната банка, забележан е месечен раст на депозитите од 1,9%, додека годишниот е 13,3%/. А, произлегува од зголемените депозитни пари и долгорочните депозити. Притоа, на нивните сметки има вкупно 381.857 милиони денари, што е еднакво на 6,2 милијарди евра.

За еден месец кредитите одобрени на населението се зголемени за 0,7% како резултат на речиси подеднаков раст на кредитите во странска валута и во денари. На годишно ниво се работи за дополнителни 8,2%, каде што доминираат задолжувањата во денари. Сумата со која се задолжени граѓаните е 246.867 милиони денари (над четири милијарди евра).

Најактуелните – потрошувачките кредити, достигнуваат износ од 127.183 милиони денари или нешто повеќе од две милијарди евра. Месечниот раст е 0,7%, а годишниот 7,3%.

За решавање на станбеното прашање се употребени 92.301 милион денари (1,5 милијарди евра). Кај нив двиѓењата се 1,2% месечно и 11,6% годишно. (Пари.мк)

Повеќе…

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
Следна Статија (Фото и видео) Полицијата во неколку претреси пронајде над 75 илјади пиротехнички средства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Годишно губиме по 10.000 грла говеда, вели Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна

Годишно губиме по 10.000 грла говеда, вели Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна. Според медиумот mk.bloombergadria.com…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

„Во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност за…

April 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи

Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите. Во моментов забележано е зголемување…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?