Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
БАЛКАН

Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит

Објавено December 21, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска објави мерка со која – секој над 20 години, дури и оние кои се невработени, ќе можат да добијат кредит за стан.

Сакаме да ги направиме младите независни…порано да зависат од нивната работа, рече Вучиќ во своето обраќање.

Тој додаде дека најголемиот товар ќе падне на Банка Поштанска штедионица, но во тоа мора да учествуваат и други банки.

Според него, вредноста на програмата е 400 милиони евра за 5.500 станбени единици.

Услов за подигање на кредит е да сте државјанин на Србија, на возраст од 20 до 35 години.

Тој изјави и дека сака таа старосна граница да биде укината, „но во овој момент тоа не е можно“.

Највисоката цена за метар квадратен за која државата ќе дава субвенции ќе биде 2.200 евра.

Би сакале младите да можат да купуваат станови во блок 70 и блок 45, но цената на квадрат таму е меѓу 2.300 и 2.600 евра и затоа сакаме да ја покачиме на 2.500, 2.600 евра во Белград и 2.200 во Нови Сад.

Тој рече и дека главен услов е станот да може да чини најмногу 100.000 евра, а минималното учество да биде еден процент. Кредитот ќе се доделува за период до 40 години, а последната исплата ќе се врши до 70-годишна возраст. Предвремената отплата на кредитот ќе биде без дополнителен надомест.

Во обраќање до јавноста рече дека таа мерка освен емотивна компонента да се дозволи детето на секој родител да остане во државата, има и рационални корени. Тој додаде дека државата подготвила програма за станбен кредит за млади што е најдобра во цела Европа и нагласи дека тоа не е социјална мерка, туку мерка за иднината на Србија.

Српскиот претседател најави дека програмата за станбен кредит за млади ќе почне да се спроведува најдоцна во првата половина на март, бидејќи се очекува законот да биде завршен во февруари, по што ќе биде доставен до парламентот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шпанија ќе ја скрати работната недела на 37,5 часа
Следна Статија Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бојко Борисов нуди помош: Во најтешките моменти остануваме заедно

Во телефонски разговор со премиерот на Македионија Христијан Мицкоски изразив најискрено сочувство до роднините на загинатите во пожарот во дискотека…

March 16, 2025
БАЛКАН

И Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите…

January 27, 2025
БАЛКАН

Македонскиот јазик е 90% бугарски, коментира грчки европратеник

Грчкиот европратеник од редовите на партијата Нова демократија, Емануил Кефалојанис, на седница на Европскиот парламент рече дека македонскиот јазик е…

December 4, 2024
БАЛКАН

Докторот за Дачиќ: Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација

Ивица Дачиќ, вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), од вчера е хоспитализиран поради тешка пневмонија,…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?