Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се чувствував отфрлено од децата, рече Коста на прашањето зошто ги уби соучениците во „Рибарник“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Се чувствував отфрлено од децата, рече Коста на прашањето зошто ги уби соучениците во „Рибарник“
БАЛКАН

Се чувствував отфрлено од децата, рече Коста на прашањето зошто ги уби соучениците во „Рибарник“

Објавено October 8, 2024 13:25
Сподели
Сподели

Коста Кецмановиќ, момчето обвинето за масакрот во „Рибникар“ денеска сведочеше во Специјалниот суд во Белград, а во судницата беше и неговата мајка Милјана Кецмановиќ, како и родителите на убиените деца. Како што јавуваат дел од медиумите, Коста Кецмановиќ на прашањата одговарал со пауза од една до две минути.

Во пресрет на судењето беше одлучено Коста да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија како што првично беше планирано.

Коста денеска за првпат одговорил на прашањето кое година ипол ги мачи сите родители на убиени деца и кажа една реченица која предизвикала хаос во судницата.

Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам, изјавил Коста пренесуваат српските медиуми.

Прашања можат да поставуваат оштетените, судијата, обвинителот, обвинетиот и неговите адвокати. Според пишувањата, за Коста подготвени се 250 прашања.

Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката.

Мајката на момчето, која беше обвинета во овој случај, во судот дошла од слобода, додека таткото е донесен од притвор.

Малолетникот денеска за првпат е изнесен од установата во која се наоѓа по делото.

Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Милјана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски со рекордна гледаност во интервјуто на Лазаров
Следна Статија Почина македонскиот писател и преведувач Михаил Ренџов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ова е момчето коешто однесе цела фамилија во смрт

Никола Ѓокиќ (24), возач од БиХ за кој постои сомнение дека бил пијан и предизвикал страшна несреќа во неделата еден…

October 27, 2025
БАЛКАН

На грчка плажа волк нападнал петгодишно девојче од Србија

Волк се обидел да касне петгодишно девојче од Србија на плажа во Грција, а трагедијата била избегната благодарение на мирната…

September 14, 2025
БАЛКАН

Софија тврди дека Акцискиот план за малцинствата не бил напишан воопшто на македонски јазикк

Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавен…

January 5, 2026
БАЛКАН

На Андрија кој боледува од ретка болест: Го запозна Вучиќ кој му подари шах (ФОТО)

Неколку дена по посетата на претседателот Александар Вучиќ, насмевката на осумгодишниот Андрија Кнежевиќ од Бајина Башта не му се одлепува…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?