Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ врачена на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски и публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ врачена на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски и публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку
МАКЕДОНИЈА

Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ врачена на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски и публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку

Објавено December 21, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Државната награда за остварувања во областа на публицистиката и новинарството „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, денеска, во Кристалната сала на македонското Собрание им беше врачена на публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку, како и на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски.

Добитниците во нивните обраќања ја истакнаа важноста и значењето на Мито Хаџи Василев – Јасмин, за неговиот придонес кон градењето на македонското новинарство и публицистика и упатија благодарност до Одборот за доделување на државната награда.

– Прерано згасна македонската новинарска пролет. Во годината на новинарските јубилеи, 80 години на „Млад борец“, на Нова Македонија, на Радио Скопје, го слушнавте и на 60 години Телевизија Скопје, чест е да се носи наградата со името на некогаш првото македонско новинарско перо Мито Хаџи Василев – Јасмин, рече новинарот Костовски.

Членот на одборот за доделување на државната награда, Зоран Бојаровски, посочи дека понатамошните активности на Одборот ќе бидат заеднички со Министерството за култура да ја зголемат афирмацијата и подигнат свесноста за значењето на наградата.

– Сите членови на Одборот заговараме, понатаму заедно со Министерството за култура да направиме повеќе за поголема афирмација, поголема присутност во јавноста, како и да ја подигнеме свесноста за значењето на оваа награда. Мито Хаџи Василев – Јасмин е истакна личност на државотворната народноослободителна војна. Јасмин по ослободувањето на фашистичката окупација и по формирањето на македонската држава зема активно учество во етаблирањето на новинарската професија и во градењето на новинарските институции, рече Бојаровски.

Од крајот на 1945 година до први јануари 1948 година, Мито Хаџи Василев – Јасмин бил главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“, каде има постигнато извонредни резултати во полето на новинарството и публицистиката. Автор е на многубројнни трудови, книги и брошури забележани на страниците на дневниот печат и периодичните списанија, меѓу нив од областа на македонската национална историја како „ВМРО-Обединета“, „Јане Сандански“ и „За великобугарскиот шовинизам“, од областа на општествените науки „Свртени кон човекот“, „СКЈ и непосредната демократија“, „Социјалистичката распределба според трудот“, „Одраз-Израз“, „За противречностите на социјализмот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мемеди: Починатото седуммесечно бебе било во добра здравствена состојба
Следна Статија Од понеделник се очекуваат нови снежни врнежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

Собранието во попладневниот дел од 31-та седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград

Република Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград – објави истоимената компанија. Македоннија ќе биде…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството отвори предмет за наводите на Жан Митрев дека Филипче и Заев се обиделе да го принудат да им ја продаде клиниката

Обвинитеслтво отвори предмет по допрен глас за случајот со клиниката „Жан Митрев“, по тврдењата на сопственикот на болницата дека Венко…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Со партнерството со САД, македонскиот народ стана посилен, послободен и поуспешен

Тридецениското партнерство меѓу Македонија и САД му помогна на македонскиот народ да стане посилен, послободен и поуспешен, истакна министерот за…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?