Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Со партнерството со САД, македонскиот народ стана посилен, послободен и поуспешен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Со партнерството со САД, македонскиот народ стана посилен, послободен и поуспешен
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Со партнерството со САД, македонскиот народ стана посилен, послободен и поуспешен

Објавено September 13, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Тридецениското партнерство меѓу Македонија и САД му помогна на македонскиот народ да стане посилен, послободен и поуспешен, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчерaа на прославата по повод 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и САД, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје.

На свеченоста присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници, градоначалници, претставници на Амбасадата на САД, на Армијата, бизнис заедницата, верските заедници,…

Муцунски посочи дека од првите денови на независноста македонскиот народ чувствуваше дека САД стојат покрај него. Воспоставената соработката во повеќе области, укажа шефот на дипломатијата, постојано се унапредува.

– Денес славиме 30 години од воспоствувањето дипломатски односи меѓу нашата држава и САД, три децении на партнерство, кое му помогна на македонскиот народ да стане посилен послободен и поуспешен. Од првите денови на независноста македонскиот народ чувствуваше дека САД стојат покрај него. Во клучни мигови таа поддршка беше одлучувачка. Особено ја паметиме одлуката од 2004 година за признавање на нашето уставно име. Чин што остави длабока трага во срцата на македонскиот народ и потврди дека нашата демократија и нашата независност се важни. Нашата соработка доби институционална рамка со Декларацијата за стратешко партнерство од 2008 година, а во 2022 година во Вашингтон ја унапредивме со воспоставување на Стратешкиот дијалог, механизам кој отвора пат за подлабока соработка во безбедноста, економијата, енергетиката и образованието, рече Муцунски.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер најави проширување на трговските врски, борба против корупцијата, модернизирана соработката во одбраната…

– Пред три децении САД и Република  Македонија формализираа партнерство засновано на доверба и заедничко почитување на демократските вредности. Оттогаш заедно му покажавме на светот што може да се постигне со сила, компромис и трпелива решителност. И покажавме како изгледа пријателството и соработката. Преку напорна работа, соработка и заемно почитување, билатералните односи се проширија низ владините институции и приватниот сектор. Нашите војници се обучуваа заедно во Криволак и се бореа рамо до рамо во Ирак и Авганистан. Американските академски програми и размените го зајакнуваат следното поколение претпримачи и граѓански лидери, додека американските инвестиции во Северна Македонија донесоа работни места, иновации и можности, рече Агелер.

Нашите врски, оцени амбасадорката, ги направија двете земји посилни, побезбедни и понапредни. Ќе ги прошириме трговски врски, ќе се бориме против корупцијата, ќе ја модернизираме соработката во одбраната. Ќе го охрабриме дигиталното трансформирање и ќе се погрижиме со изградбата на енергетската инфраструктура која ја обезбедува независноста и растот, истакна амбасадорката на САД Агелер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост
Следна Статија Турција ги понижи Грците и ќе игра во финалето на Евробаскет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото

 Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. -Во пресрет на извештајот на…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО Венчавка на младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски на Галичка свадба

Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик.…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?