Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Владата е силно фокусирана на реформите, а државата е пример за почитување на правата на малцинствата“, моќна политичка порака на Муцунски од Брисел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Владата е силно фокусирана на реформите, а државата е пример за почитување на правата на малцинствата“, моќна политичка порака на Муцунски од Брисел
МАКЕДОНИЈА

„Владата е силно фокусирана на реформите, а државата е пример за почитување на правата на малцинствата“, моќна политичка порака на Муцунски од Брисел

Објавено December 3, 2024 09:08
Сподели
Сподели

Пред членовите на комисијата, Муцунски испрати порака дека новата Влада е силно фокусирана на евроинтеграциите и спроведувањето на реформи. Тој истакна дека за земјата е клучно да продолжи да напредува кон полноправно членство во ЕУ, следејќи предвидлива пристапна траекторија, заснована на јасно утврдените пристапни критериуми и принципот на сопствени заслуги. Притоа, потенцираше дека добрососедството не е еднострана обврска, туку долгорочен процес што бара заедничка одговорност и меѓусебна почит.

Министерот нагласи дека членството во ЕУ не е само политичка амбиција, туку суштински трансформативен процес што ги става граѓаните во центарот. Тој ја истакна посветеноста на Владата кон спроведување на клучни реформи, особено во областа на владеењето на правото, правосудството, јавната администрација и економското управување.

Во своето обраќање, Муцунски потсети дека државата е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ – стратегиски избор и врвен приоритет што ја демонстрира нашата посветеност на принципите и вредностите што ги застапува Унијата. Истакнувајќи ја потребата од носење одлуки што ќе постават основа за идното проширување на Унијата, тој ги и повика европратениците да продолжат проактивно да ја поддржуваат политиката на проширување, особено сега кога Европската Унија влегува во нов петгодишен институционален и легислативен циклус, кој ќе има значително влијание врз иднината на проширувањето.

Одговарајќи на прашањата од членовите на комисијата, Муцунски потенцираше дека Македонија е пример за почитување и заштита на правата на малцинствата, што повеќепати е потврдено од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права.

Муцунски потсети дека земјава ги усогласува своите политики со законодавството на ЕУ, изработи  реформска агенда поврзана со Планот за раст на Западниот Балкан и потпиша Договор за партнерство во безбедноста и одбраната со Европската Унија.

– Ние сме нација која е и ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Преку овие активности, ние докажуваме дека нашата нација не чека членство за да биде доверлив партнер, туку веќе се однесуваме така, рече Муцунски.

Според него, Европскиот парламент отсекогаш бил светилник на надеж за земјите кандидати за членство, кој со својата поддршка на проширувањето претставува потсетник дека Европската Унија не е затворен клуб, туку жив проект кој станува посилен со секоја нова членка.

Тој потенцира дека во следните пет годините се потребни видлив напредок и политичка храброст, а со вклучувањето на проширувањето во следната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ ќе се испрати моќен сигнал што ќе ги инспирира земјите кандидати за членство да продолжат со нивните реформи и напори.

– Проширувањето не е само стратешка потреба, туку е и морален императив. Се работи за исполнување на ветувањето на Европа дека ќе биде Унија на вредности и заеднички интереси, а не само географска унија –  рече Муцунски.

Тој потенцира дека следната година земјава ќе одбележи 20 години како стана кандидат за членство ЕУ, но и по 20 години реформи, жртви, издржливост и чекање да се отвори вратата, таа се уште верува во европскиот сон, но дека Унијата да ги исполнете своите обврски и да придонесе за нејзино зајакнување,

– Бараме од Европската Унија да ја усогласи нашата одлучност со јасност, праведност и храброст. Македонскиот народ се соочи со безброј предизвици и жртви на нашиот долг пат кон европската интеграција, но ние остануваме да стоиме со непоколеблива надеж и непопустлива верба во посветла иднина. Нашиот идентитет создаван низ вековите борба и истрајност е длабоко вкоренет во вредностите на слободата, солидарноста и единството кои ја дефинираат самата Европа – нагласи Муцунски.

Во одговор на прашања на европратениците, шефот на дипломатијата потенцира дека на земјава можат да и се дадат забелешки за многу грешки и за прашања поврзани со борбата против корупцијата или реформата на јавната администрација, но дека ако за нешто треба да и се признае дека има постигнато високо ниво тоа е прашањето за малцинствата и дека имаме највисоките стандарди за заштита на малцинските права, па дури повисоки и од земји членки на ЕУ.

Во врска со настаните поврзани со уништувањето на државното знаме, Муцунски рече дека станува збор за случај кој произлегуваат од фактот што „одредена политичка партија не може да прифати дека сега е во опозиција и во позадина направи се што може да провоцира“, потенцирајќи дека институциите ќе го решат случајот согласно националното законодавство и нашиот Устав.

– Нема да дозволиме поединци кои само сакаат да ги зачуваат своите политички кариери, да го поткопаат одличното меѓусебно поврзано етничко ткиво што постои во нашето општество – рече Муцунски.

Запрашан за реализацијата на коридорите 8 и 10, Муцунски рече дека овие два проекти заедно со интерконекторот со Грција претставуваат клучни стратешки инвестиции на Владата за следните години и клучни приоритети, не само од политичко-безбедносна, туку и од економска и трговска перспектива.

– Апсолутно да нема сомнеж дека нашата Влада ќе инвестира сесрдно и со максимален напор и во двата коридора 8 и 10, за кои гледаме взаемен интерес не само за нашата нација, туку и за народите кои повеќето од вас ги претставувате овде – им порача Муцунски на европратениците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови правила за сите кои патуваат во Шпанија: Се воведуваат ригорозни мерки за сместување на туристите
Следна Статија Трамп бара итно ослободување на израелските заложници, во спротивно се заканува со „ужасна цена“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Арсовска повторно „лови“ дивоградби, го повика Ганиу да дојде и да и се закани во лице ако бил „маж“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска повторно се вклучи во живо од терен во Чаир, каде ги „лови“ нелегалните градби на,…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДС и ДУИ

ДЗР констатирал нерегуларности во финансиското работење и на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ, рече на…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е регистриран синоќа 15 минути по полноќ. Сеизмолошката опсерваторија соопшти…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки

Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг…

January 21, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?