Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски лекари вчера спасувале животи во Магдебург
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонски лекари вчера спасувале животи во Магдебург
МАКЕДОНИЈА

Македонски лекари вчера спасувале животи во Магдебург

Објавено December 21, 2024 21:56
Сподели
Сподели

Покрај двајцата лекари од Македонија на кои јавно им се заблагодари македонската амбасада во Берлин меѓу хероите кои вчера спасувале животи по терористичкиот напад во Магдебург има и една жена лекар од Македонија пренесува експрес.мк.

Елена Михајловска е лекар анестезиолог која вчера не била на смена но доброволно отишла да помогне на тријажа на над 70 тешко поведени луѓе кои беа прегазени на Божиќниот панаѓур во Магдебург.

Извори во македонската заедница во Магдебург велат скромната Елена е по потекло од скопското село Стајковци а пред заминување за Германија работела на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) на скопскиот клинички центар.

Анестезиологот Михајловска самата сакала да го посети Божиќниот панаѓур во Магдебург а кога разбрала што се случило веднаш се упатила да им помогне на своите колеги во болницата каде биле примени најголем дел од повредените во терористичкиот напад.

Македонската амбасада во Германија вчера објави дека двајца македонски доктори Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на погодените во крвавиот напад на божиќен пазар во овој германски град.

-Горди со д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец
Следна Статија Властите го товарат напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург за пет убиства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Филипче: Ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ, но не како „модерни“ Македонци, се виде дека не е само Бугари во Устав

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски кој трагично загина во „Пулс“

Во кругот на Полициската станица во Пробиштип, денеска се одржа свечена церемонија на откривање на спомен-биста во чест на храбриот…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години

На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се отстрануваат опасни карпи на експресниот пат Фариш-Дреново

За време на градежните работи на втората фаза Фариш – Дреново од изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, беа забележани пукнатини…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?