Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
СПОРТ

Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ

Објавено December 22, 2024 18:00
Сподели
Сподели

По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани
Следна Статија Експлозивот пронајден во Арачиново беше доволен да ги крене во воздух Владата или Собранието, откри Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Селтикс триумфираат над Клиперс со импресивна победа од 146-115

Извонреден настап на Селтикс кој покажа доминација и врвен кошаркарски квалитет против Клиперс

January 5, 2026
СПОРТ

Нејмар пак се налути, не тренираше за Сантос

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, не учествуваше на тренинг-сесијата на тимот во тренинг-центарот „Реј Пеле“, објави „ESPN“. Играчот требаше да работи…

April 27, 2026
СПОРТ

Со победа утре против Ерменија повторно ќе се бори за пласман на СП

Во пресрет на утрешниот натпревар од Лигата на нации против селекцијата на Ерменија, на денешната прес-конференција во Ереван, селекторот на…

October 12, 2024
СПОРТ

Никси прокоцкаа 9 поени предност на минута до крај: Индијана на неверојатен начин се избори за продолжение и победа (ВИДЕО)

Кошаркарите на Индијана поведоа против Њујорк во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Пејсерс со неверојатен пресврт во финишот…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?