Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По 40 години се враќа „Бушава азбука“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > По 40 години се враќа „Бушава азбука“
ЗАБАВА

По 40 години се враќа „Бушава азбука“

Објавено December 22, 2024 23:00
Сподели
Сподели

После 40 години, легендарната телевизиска емисија „Бушава азбука“ повторно ќе се врати на малите екрани. 

Песната е дел од новата серија „Буквождер“, анимирано продолжение и приказна за буквите и за македонскиот јазик од легендарната „Бушава азбука“.

Бушава Нова година“ ја пеат хероите од „Буквождер“, „Бушавковци“ чии гласови ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Ангела- Александра Ивановиќ и Дамјан Цветановски. Музиката е на Георги Шарески, текстот на Мите Кузевски, а во адаптација помогнаа Горан Игиќ и Георги Шарески.

Креативни продуценти се Слободан Унковски и Синоличка Трпкова, додека извршни продуценти се Горан Игиќ и Мите Кузевски. Режисер и продуцент на анимираната серија е Георги М. Унковски, а сценариото е на Калија Киселичка.

Во анимацијата се користени оригиналните илустрации на Душан Петричиќ од 1985 година, за кои копродуцентите ги имаат откупено сите права, како и адаптации и нови илустрации од илустраторот на „Буквождер“ Томи Џуровски. Анимацијата на спотот за песната и анимацијата на новата серија е дело на одличните Никола Димов, Дамјан Mихаилов и Горан Менков.

По двегодишни напори за обезбедување на поддршка и спонзори, овој прв проект од ‘Бушав универзум’ е финансиран од сопствени средства на копродуцентите. Во план е и јавна кампања за собирање средства. Со оваа анимирана серија чие емитување се очекува во 2025-та година, започнува новата етапа на ‘Бушава азбука’ и ‘Бушав универзум’ во Македонија, но и секаде каде што се присутни македонскиот јазик и култура“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, се додава, седум години траат напорите за финансирање на „Бушав буквар“, продолжение на легендарната телевизиска серија „Бушава азбука“ за која Горан Стефановски ги почна, а по неговата ненадејна смрт Марјан Алчевски ги доврши сценаријата. За овој проект од национален интерес копродуцентите исто така ги имаат обезбедено сите права.

„Серијата за која институциите се глуви од 2018-та година е воедно и последното нереализирано дело на легендарниот македонски драматург Горан Стефановски. Идејни творци на проектот се режисерот Слободан Унковски и актерката Синоличка Трпкова Меллес, дел од оригиналната постава на омилената ‘Бушава азбука’“, се посочува во соопштението и се додава дека повеќе детали за „Буквождер“, „Бушав буквар“ и како е замислен „Бушав универзум“ копродукцијата ќе соопшти во 2025-та година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
Следна Статија Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Најдобрите Apple Black Friday зделки во моментот — AirPods, MacBook-ови, iPad и други од $17

Најдобрите Apple Black Friday зделки кои се случуваат токму сега

November 25, 2025
ЗАБАВА

Бесмртната Октавија: Како издржливата Шкода помина милион километри по суровите исландски патишта

Запознајте го Јомундур Оласон, исландски земјоделец кој возел над милион километри во својата Шкода Октавија од прва генерација. Како постигнал…

September 5, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина

Од Националниот парк „Шар планина“ денеска со видео објава споделија убава вест. Ја споделија радоста дека имаат принова – ново…

December 5, 2025
ЗАБАВА

Смешен момент кој го освои интернетот: Џеф Безос падна во дупка додека ја чекаше својата вереница од вселената (ВИДЕО)

Основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, падна во дупка во пустината во Тексас додека трчаше да ја пречека…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?