Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото

Објавено December 23, 2024 08:20
Сподели
Сподели

Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое имаше голем број на изјави во медиумите дека чист е како солза и дека нема сторено никакво кривично дело. Добро е, ако е така, да се врати во Македонија, да се соочи со сите оние обвинувања кои што како такви ги доставивме до Јавното обвинителство, кое отвори истрага и добро е да секој еден којшто е соочен со лицето на правдата да го докаже тоа во содветна процесна постапка, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на вчерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.

Во врска со изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија, Тошковски рече „не би сакал да шпекулира каде се наоѓа лицето, битно е дека спроведена е истрага против службеникот од гранична контрола којшто сторил кардинална грешка при неговото постапување и за истиот е донесено решение за суспензија и поднесена е кривична пријава за несовесно работење во служба“. 

– Во однос на директната вина што предизвикала ваква штетна последица, за лице на стоп листа, кое не било задржано и не биле известени органите, кривична пријава е поднесено против службеникот којшто работил во рамки на граничната полиција. Во однос на се останато поврзано со одредени сомненија дека не станув збор за несовесно работење во служба, туку друг тип на кривично дело, во овој момент не би сакал да говорам во детали, би ве пренасочил во рамки на Јавното обвинителство, бидејќи тоа е тоа по кое ние постапуваме по директна наредба. Одземени се мобилни телефони, се вршат одредени разговори, во овој момент не би сакал да споделувам повеќе детали, рече Тошковски.

Добро е, додаде, што Демократската унија за интеграција се огради од „бегалецот од правдата“.

– Се надевам дека во иднина ќе се оградуваат од сите оние бегалци од правдата, ако ги има такви, кои што наместо да се соочат со она кое што душмански го краделе македонскиот народ во минатото, соодветно во рамки на една процесна правда, ги охрабрувам да се оградуваат од сите оние потенцијални криминалци за кои што во соодветна постапка треба да се докаже дека душмански го краделе македонскиот народ, но лошо е кога се обидуваат да ја манипулираат јавноста, рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По 40 години се враќа „Бушава азбука“
Следна Статија Трамп го сака Тикток на американскиот пазар, најави и крај на „трансродовото лудило“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Битиќи во анкетен лист не го пријавил накитот кој го украле крадците од неговиот дом

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска, истакна дека државата има институции и ги…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата доволно прави за евроинтеграциите, но ЕУ е со двојни стандарди, а соседите ни отежнуваат

Во периодот од 18 до 21 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

March 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?