Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазици ќе се одржи од 19 до 21 март – Ќе мести ли ДУИ пак шатори пред Уставен?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазици ќе се одржи од 19 до 21 март – Ќе мести ли ДУИ пак шатори пред Уставен?
МАКЕДОНИЈА

Подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазици ќе се одржи од 19 до 21 март – Ќе мести ли ДУИ пак шатори пред Уставен?

Објавено December 23, 2024 17:14
Сподели
Сподели

Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана во периодот од 19 до 21 март, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој информираше дека утре судот ќе има редовен работен состанок, на кој ќе се утврдуваат листата на учесници и спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон.

-Очекувам дека во текот на утрешниот ден ќе бидат утврдени и спорните правни прашања и листата на учесници. Ние имаме предлог од судијата известител, но секој е слободен да предлага, рече Костадиновски.

Дополни дека се предложени повеќе од 20 имиња, а станува збор за експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права.

Претседателот на Уставен информираше дека е побаран пријателски совет од Венецијанската комисија, и информираше дека пријателскиот совет ќе биде усвоен на седницата на 14 и 15 март.

-Што значи дека подготвителната седница може да се очекува во наредните денови. Веднаш штом 14-15 се усвои пријателскиот совет, ќе биде објавен јавно на 17 или 18. Побаравме претставник од Венецијанската комисија да дојде и на подготвителната седница да го образложи пријателскиот совет. Моите очекувања се дека во тие денови 19-21 ќе биде одржана подготвителната седница, додаде тој.

Тој изрази жалење за недоаѓањето на некои од неговите колеги на седницата, но истакна дека нема да дозволи никој да ја уценува или блокира работата на Уставниот суд.

-Минимум кворум за работа на судот се пет судии, одлуките се носат со пет гласа, освен ако не е потребно квалификувано мнозинство. Подготвителната седница ќе се одржи доколку се исполнети условите од минимум судии присутни за работа, рече Костадиновски.

Во однос на изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој рече дека албанскиот јазик не е прашање за Уставниот суд на Македонија, Костадиновски изјави дека тие изјави биле непримерни и недостојни.

-Ако влеземе во коментари на странски државници, тоа не е моја работа. Но, секоја изјава од домашен или од странски чинител, што изразува сомнеж или етикетира наше постапување, должен сум да реагирам и реагирам,“ додаде тој.

По денешниот пресек за работата на Уставен суд, за која Костадиновски изјави дека беше година на крупни реформи и политички притисоци, претседателот, меѓу другото, беше прашан и за рефератот за измените на Кривичниот законик донесени лани во септември, при што посочи дека последните информации се дека е во завршна фаза.

– Во наредни месец-два судот ќе расправа за рефератот за измените на КЗ. Во завршна фаза е рефератот, штом е предаден, тоа значи дека или денеска или утре ќе стигне кај мене, штом стигне кај мене на некоја од наредните седници ќе биде ставен за расправа и одлучување пред Судот. Убеден сум дека во првите месец, два во наредната година Судот ќе расправа и за ова прашање, рече тој.

Во однос на причината зошто и после две години не се одлучува, посочи дека за тој предмет не важат роковите од новиот Акт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Аеродром пулсира vol.3“: Џевахир Мол Скопје со музички спектакл незаборавно ја испрати 2024 година
Следна Статија Маск предложи тестирање на менталните способности на сите државни службеници во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР со апел: Граѓаните да не тргнуваат кон ГП „Блаце“, сообраќајот е во прекин, пожарот е повторно разгорен

Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, сообраќајот од Скопје до Граничниот премин „Блаце“ е во целосен прекин,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил

Тодор Кулаков, таткото на младата Фросина која пред недела дена загина во трагична сообраќајна несреќа, вечерва во Дневникот на Сител…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?