Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расте бројот на фантом-фирми кои украле државни милиони евра преку поврат на ДДВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Расте бројот на фантом-фирми кои украле државни милиони евра преку поврат на ДДВ
ЕКОНОМИЈА

Расте бројот на фантом-фирми кои украле државни милиони евра преку поврат на ДДВ

Објавено December 24, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Фирми за кои јавноста дозна дека со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ од буџетот, за речиси истата вредност се најдоа како должници на последната листа на неплаќачи на данок што ја објави Управата за јавни приходи. Како што објави Фактор, ова најверојатно значи дека државата и натаму си ги бара парите назад и не може да ги наплати, ставајќи ги овие фирми како неплаќачи на листата на должници „за долгови доспеани до 31.08.2024 година и неплатени до 30.11.2024 година“, ажурирана на 12 декември.

Во последната афера со фиктивен поврат на ДДВ, три фирми го изиграа системот за над 2,6 милиони евра. Аферата ја најави и потоа ја обелодени претходната директорка на УЈП, Сања Лукаревска. Со лажни фактури прикажувале голем обрт на купена и продадена нафта, па потоа повлекле пари за фиктивно платениот ДДВ.

Последна фирма што е објавена на најновата листа на должници на УЈП, а претходно беше објавена во јавноста, е „Шутало’“ со речиси 80 милиони денари непплатени за ДДВ. Неколку месеци на листата е и „Антик Оил“, за која беше обелоденето дека е дел од лажните нафтени компании кои го измамиле системот. „Антик Оил“ кој имал ист газда и иста адреса со „Шутало“ должи исто така 80 милиони денари, од кои 59 милиони за ДДВ и 21 милион по други основи.

Сумите се поклопуваат со оние кои беа објавени од УЈП при обелоденувањето на аферата. Беше обзнането дека се три компании кои работеле во регионот на Липково и Куманово. 

  • „Првата фирма во истрагата, откако со фиктивни фактури се обидела да врати 79.350.190 денари ДДВ, го сменила сопственикот, на државјанин од Хрватска. Втората фирма под истрага, откако се обидела да изнуди 26.090.205 денари, ја променила сопственоста на косовски државјанин. Третата фирма која имала ист почетен сопственик како и првата откако креирала фиктивни повратни фактури на ДДВ во износ од 54.676.727 денари, го преименувала сопственикот со друг државјанин на Косово“, рекоа тогаш од УЈП.

Од таму беше кажано дека доказите уште од крајот на минатата година се испратени до Основното јавно обвинителство, МВР и Управата за финансиска полиција. Засега од УЈП молчат и не кажуваат конкретно, додека трае истрагата, зошто овие фантомски фирми кои на нечесен начин добиле пари од државата, сега се на листата на должници за неплатен ДДВ. Од таму нема одговор колку вакви фантом фирми има на листата на која има околу 5.000 правни и физички лица.

Повеќе на Фактор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел за прв пат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас
Следна Статија Татко од БиХ ја продал својата малолетна ќерка за „голф 2“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите, според НБ

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Субвенциите доцнат, земјоделците излегуваат на протест

Исплатата на субвенциите повторно го отвори најболното прашање во македонскиот аграр: дали државата навистина има систем за поддршка на земјоделците,…

March 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Вештачката интелигенција и енергетиката се клучни за развој на секој сегмент во општеството

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти, порача дека иднината на…

March 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?