Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Татко од БиХ ја продал својата малолетна ќерка за „голф 2“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Татко од БиХ ја продал својата малолетна ќерка за „голф 2“
БАЛКАН

Татко од БиХ ја продал својата малолетна ќерка за „голф 2“

Објавено December 24, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Статистиката за присилниот брак на малолетниците, па дури и нивната продажба, укажува дека состојбата во БиХ е алармантна, а повеќето од нив се од сиромашни заедници, заедници кои живеат на работ на егзистенција или оние кои се на некој начин дискриминирани, кои не се интегрирани во општеството.

Александра Марин Диклиќ од Институцијата на Народниот правобранител за човекови права на Босна и Херцеговина посочи дека законодавната рамка во Босна и Херцеговина, особено во Федерацијата Босна и Херцеговина, бара итни промени со цел да се подобри заштитата на малолетниците. Таа укажа на важноста од усогласување на кривичното законодавство на Федерацијата Босна и Херцеговина со меѓународните стандарди, како што е Конвенцијата Ланзароте, која веќе е имплементирана во Република Српска, објави Телеграф.

Случаите кои укажуваат на итноста на социјалната реакција кога станува збор за принудните бракови во БиХ се многубројни, а девојчињата се продаваат преку договорени бракови за најмногу 15.000 конвертибилни марки (7.500 евра).

Мирсада Бајрамовиќ, експерт за детска заштита од Тузла, вели дека во пракса веќе се сретнале со голем број малолетнички бракови.

„Некои од најекстремните се тоа што 12-годишно девојче беше продадено за „голф двојка“ преку тој таканаречен малолетнички брак. Имавме и случај кога девојче беше продадено за жал за 1.500 конвертибилни марки. Цените за девојчиња преку овие договорени бракови се движат од 600 KM до 15.000 KM“, рече Мирсада Бајрамовиќ.

Според Александра Марин Диклиќ, одговорноста е пред сѐ на училиштата, но не може целосно да се префрли на нив.

„Покрај образовниот систем, мора да се вклучат и безбедносните структури, полицијата и центрите за ментално здравје“, нагласи таа и посочи дека има разлики меѓу урбаните и руралните училишта.

Но, таа посочи дека одговорноста не може да се остави само на училиштата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Расте бројот на фантом-фирми кои украле државни милиони евра преку поврат на ДДВ
Следна Статија Наезда на глувци на „Олд Трафорд“: Трагите од глодари биле пронајдени во тезги со храна!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Почина матурантот Вукашин, 16-та жртва на трагедијата во Нови Сад

Вукашин Црнчевиќ, 18-годишен матурант кој беше тешко повредено при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по…

March 21, 2025
БАЛКАН

Нов шок потег: Родителите на монструмот Коста немаат намера да се појават на суд

Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето-убиец кое во мај минатата година изврши страшен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“,…

November 20, 2024
БАЛКАН

Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина

Во стан во Зеница утрово е пронајдено безживотно тело на 48-годишната Алма Хускиќ, долгогодишна уредничка и водителка на Радио-телевизија Зеница.…

April 15, 2026
БАЛКАН

И Грција ќе го менува Уставот

Вештачката интелигенција да му служи на човекот; забрана за воведување ретроактивни даноци; систем на оценување на државните службеници; зголемување на…

May 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?