Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судот ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
ХРОНИКА

Судот ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор

Објавено December 24, 2024 15:14
Сподели
Сподели

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена, информираат од Судот.

На 17 декември Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на поранешниот прв вицепемиер Артан Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кои се недостапни за органите на прогон. Тие се поврзани со истрагата за злоупотреба на службената положба, примање поткуп и злоупотреба на постапката за јавен повик во случајот со Државната лотарија на Република Македонија.

Груби е во бегство откако беше обвинет за корупција и злоупотреба на службената положба. Првичните информации укажуваат дека побегнал во Косово, но подоцна се појавија тврдења дека се наоѓа во Албанија. Во бегство е и Бајрами, а Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по двајцата.

Дополнително, против полицискиот службеник кој му дозволил на Груби да ја премине границата е поднесена кривична пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нашето законодавство има предвидено се што е потребно за лицата на црната листа на САД, смета Мицкоски
Следна Статија Ајфеловата кула евакуирана по дојава за пожар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсена професорка на универзитетот во Штип за мито од 300 евра

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент…

June 30, 2026
ХРОНИКА

Снимката од бензиската станица во Велес која треба да биде презентирана во судот веќе ја објави контроверзен српски политичар

Адвокатотот Бојан Манев кој е бранител на Боре Видевски вели дека снимките од бенсиските станици во Велес за кои денеска…

May 21, 2025
ХРОНИКА

Македонка почина на плажа во Грција

Жена од Македонија починала на плажа во местото Метармофози во општина Ситонија на Халкидики, објавува „Халикидики њуз“. Жената била на…

June 21, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Битола во шок: Млада жена убиена по семеен конфликт

Утрово, во битолската населба Баир, се случи тешко убиство кое ја потресе локалната јавност. Трагичниот настан, во кој животот го…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?