Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oдбраната на обвинетите бара реконструкција на убиствата на Вања и Панче или предметот да се врати во фаза на истрага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Oдбраната на обвинетите бара реконструкција на убиствата на Вања и Панче или предметот да се врати во фаза на истрага
ХРОНИКА

Oдбраната на обвинетите бара реконструкција на убиствата на Вања и Панче или предметот да се врати во фаза на истрага

Објавено April 28, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Бранителите на обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сметаат дека е непходно реконтрукција на двете убиства или пак целата постапка да се врати во фаза на истрага.

Бојан Манев, бранител на Боре Видески вели дека реконструкција е неминовна или пак предметот да се врати во фаза на истрага бидејќи во спротивно ќе останат многу работи нерасчистени и пресудата, каква и да биде е осудена на пропаст.

Потребата за реконтрукција произлегува од самата постапка.Постојат најмалку десетина празнини кои ја налагаат потребата.Најголем проблем е оружјето, снимките од безнсиската станица во Велес и во менувачницата во Скопје, неколкуте лица кои се појавуваат во исказите а не се ислушани. Исто така во ниту еден исказ на обвинетите не произлезе поврзаноста со таткото, најави Манев.

На сличен став е и адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски. Според него, нејасно е зошто денеска обвинителките наместо да ги нападнат обвинетите со докази тие само читале наслови.

За луѓе кои ги теретиш за убиства им поставуваа прашања како да им помогаш, посочува Страшевски.

Според него истрагата има многу пропусти а малку докази. Затоа е најдобро да се направи реконтрукција.Од начинот на кој е пронајдено телото, па начинот на кој се копало без да се викнат овластени лица односно форензика и крим техника. Чудно е ние како обвинети да бараме вештачење на чаурата која е вештачена само од кој калибар е и кое оружје може да се искупка, рече Страшевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти
Следна Статија Екс вработени во МВР добија кривични, еве што направиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почнува судењето на штипјанецот кој крвнички ја уби Емилија Пешева

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната…

February 10, 2025
ХРОНИКА

Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е осуден на две години…

September 2, 2025
ХРОНИКА

Експлозија и „пепел“ – запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе (ВИДЕО)

Ноќеска околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?