Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влез на трет мобилен оператор, за Македонија да не биде обележана со црна боја на европската мапа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Влез на трет мобилен оператор, за Македонија да не биде обележана со црна боја на европската мапа
ЕКОНОМИЈА

Влез на трет мобилен оператор, за Македонија да не биде обележана со црна боја на европската мапа

Објавено December 25, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Македонија. Овој чекор, велат од групацијата, преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на телекомуникациската инфраструктура во земјата и да внесе засилена конкуренција во секторот. Во текот на следните месеци, компанијата ќе соработува со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.

Contents
  • Која е понатамошната процедура? 
  • Останати придобивки би биле следниве:

Од Групацијата велат дека ја имаат поддршката од македонската Влада, којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.

Која е понатамошната процедура? 

Покрај тоа што „4iG“ регистрираше компанија во Македонија битен предуслов за да се започне постапка за доделување на радиофреквенции, во согласност со Законот за електронските комуникации (ЗЕК) е да се поднесе официјално Писмо на намера до АЕК, велат од Агенцијата преку изјава за „Локално“. Писмото е поднесено на 17-ти декември и во согласност со ЗЕК, следен чекор е да се објави од страна на АЕК, јавна расправа која не може да трае пократко од 30 дена, на која сите заинтересирани страни ќе го изразат својот став.

По завршувањето на Јавната расправа, АЕК треба да ги објави резултатите и својот став. Во зависност од исходот на Јавната расправа постапката понатаму продолжува со Јавен тендер или со Јавен тендер со јавно наддавање. АЕК веднаш може да ја отвори Јавната расправа по поднесената Намера, но треба да се има предвид дека во намерата најпрво се бара да се организира состанок помеѓу 4iG и АЕК кој би требало да се реализира после 20/01/2025. За очекување е јавната расправа да се отвори на почетокот на февруари 2025, потенцираат од АЕК.

Од АЕК се децидни дека има простор за трет мобилен оператор во Македонија. Оттаму посочуваат дека ако се мисли на радиофреквенциски ресурси, АЕК веќе презеде низа регулаторни мерки уште по спојувањето на ВИП и ОНЕ во „Оне.Вип“ во кое се случи кон крајот на 2015 кога пазарот за влез на нов оператор беше практично затворен.

Од 2017 скоро во сите радиофреквенциски опсези АЕК предвидел сосемо доволно радиофреквенции за влез на нов оператор. Ако се мисли на пазарни услови, секако дека и тие ги има. Многу држави во Европа кои се по големина и географска конфигурација слични или дури и помали од Македонија имаат по најмалку три мобилни оператори. Такви се: Словенија, Косово, Црна Гора, Малта, Кипар, Фарски острови,… Во моментов во Европа само Македонија и Албанија од неодамна, се држави со само два мобилни оператори и на мапата на Европа се обележани со црна боја поради недоволно развиена конкуренција во оваа област.

Останати придобивки би биле следниве:

Македонија ќе добие трет мобилен оператор, ќе се зголеми конкуренција, односно ќе се задоволат потребите на македонското општество, ќе се зголеми квалитетот на мрежи/услуги за подобра цена, негативниот извештај на ЕК во овој дел ќе се корегира, ќе се обезбеди стабилен телекомуникациски сектор, ќе се обезбеди работа за најмалку 300 подобро платени работни места, младите инжинери ќе останат во Македонија, ќе се обезбеди работа за 30-50 македонски компании што ќе донесе додадена вредност во македонската економија. Европа ќе ја добие прватa 5G SA (Stand Alone) мрежа, а со тоа Македонија ќе стане лидер во Европа, појаснуваат од државната агенција.

Во одговорот од АЕК се истакнува дека за очекување е да се појави интерес кај граѓаните, но прво треба да има понуда, а интересот секако ќе дојде сам по себе имајќи ги предвид карактеристиките што таа 5G NR SA мрежа ќе ги понуди.

Дека на Македонија ѝ е потребен трет мобилен оператор уште поодамна порача министерот за транспорт Александар Николоски. Тој вели дека на македонскиот пазар постои дуопол и треба да се бараат мерки за да поевтинат услугите за граѓаните но и за бизнисите. Министерот како причина за воведувањето на трет оператор ги наведе цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави.

На 18 октомври групацијата соопшти дека по неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, 4iG Group започнала со подготовки за влез на пазарот, со основање на подружница „ONE Macedonia Telecommunications“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
Следна Статија Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Директорот на Катастар: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите

Секој граѓанин својата недоумица и прашање од областа на катастарското работење ќе може да ги постави до вработените од Агенцијата…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почна исплатата на МојДДВ за четвртото тримесечје од 2025 година

Почна исплатата на средства на апликацијата МојДДВ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за…

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Резултатите за Кибер Понеделник покажуваат влијание на трговските царини

Потрошувачката во САД порасна побавно во споредба со Европа, што одразува влијанието на трговските политики и монетарните интервенции

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николовски – Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг

Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?