Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ

Објавено December 25, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во своето годишно обраќање во Собранието повика оти е време за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што, како што нагласи ќе означи реунификација, односно реинтеграција на регионот во ЕУ.  

Балканот е природен дел на Европа: географски, историски и културно. Европската идеја е уникатна политичка филозофија подржана од сите политички актери, партии, но и граѓани во регионот. ЕУ членството ќе биде моќен мотив за демократски промени во регионот, што трајно ќе оневозможи закана и дестабилизација од фрустрираните националисти и ќе гарантира траен мир, истакна Сиљановска Давкова. 

Таа нагласи дека целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, а со тоа и крај на балканизацијата како феномен, бришејќи ги границите меѓу балканските држави. 

Претседателката истакна дека Западниот Балкан не е никаков проблем за апсорбциониот капацитет на Унијата.

Во бројните средби со ЕУ претставниците укажувам на некои парадокси – прво, Европската заедница со децении повикуваше на рушење на авторитарните системи, тогаш, има морална обврска за солидарност со нив/нас по падот на комунизмот; второ, профитната логика на западните економии бара поголем пазар и работната сила; трето, стабилноста на европскиот континентот зависи и од Истокот, вклучувајќи го и Западниот Балкан, како гео-политичка ентитет; четврто, лоциран меѓу Европа и Блискиот Исток како конгломерат на култури и религии отсекогаш Балканот се перцепирал како потенцијална конфликтна зона; петто, Балканците секогаш се перцепирале себеси како Европјани, па европската интеграција е недовршена без европскиот југоисточен дел, истакна Сиљановска Давкова. 

Претседателката истакна дека неколку месеци, на секоја мултилатерална или билатерална средба ја акцентира нужноста од проширување на ЕУ со земјите од т.н Западен Балкан. 

Укажувам на логиката на ЕУ доктрината  „единство на различности“,  како нејзин modus vivendi, која не може да важи само за нејзините членки, туку и за кандидатитете, па и за кандидатите за кандидати. Во спротивно, ниту има преговори, ниту разговори. Има еврократија изразена во  формулата: „слушај, молчи и извршувај“ оти имам неограничено право на вето, нагласи претседателката. 

За неа, како што посочи, ЕУ е сеуште најпосакуваниот демократски политички систем и дом. 

Не случајно. Денес, граѓаните на членките на ЕУ имаат подобро мислење за нејзиниот демократски капацитет, од оној на своите националните власти, со исклучок на Луксембург. Некои западни политолози метафорично пишуваат дека Западен Балкан е ЕУ Ахилова петица. Ако е така, ниту Париз не смее да нишани во неа, а Берлин и Брисел, не смееат да дозволат да биде на нишан, рече Сиљановска Давкова. 

Искрено, продолжи претседателката, по децениско отуство на стратегија за регионот, во Планот за раст и во реформските агенди, а особено во нашата Реформска агедна, препознавам стратешки пристап, но и конкретни реформи со рокови и финансии, со што се гарантира и стимуира процесот од обете страни.

Токму затоа, не смееме да дозволиме ни тие, ни ние, наместо на реализирање на стратешките цели и предизвици и на реформите, енергијата и времето да ги насочиме кон историјата, согласно Заклучоците на Советот и протоколите, односно записниците. Ако зборуваме за Pacta sun servanda”, да посочам дека во Договорот за добрососедство и пријателство нема ниту еден збор за уставни измени, нагласи претседателката во своето годишно обраќање во Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати
Следна Статија Влез на трет мобилен оператор, за Македонија да не биде обележана со црна боја на европската мапа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Намален бројот на основци и средношколци во 2024/2025 споредено со претходната учебна година

На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180 627 ученици, што е намалување за…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар

Владата нема донесено таква одлука и не знам од каде е таа информација, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Трите локални самоуправи кои не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје и Теарце, до 15 ноември можат да…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло, објави Вечер.мк

Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло……

January 8, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?