Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова
МАКЕДОНИЈА

Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова

Објавено December 25, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Еден од клучните проблеми на македонските граѓани е правдата. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што, заедно со судирот на интереси, непотизмот и клиентелизмот, го поништуваат владеењето на правото, ги обезвреднуваат институциите, ги иселуваат младите и ни ја празнат државата. Без правда нема извесност на планирањето  на животот, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во годишното обраќање во Собранието.

-Борбата против корупцијата и организираниот криминал е најважната борба на оваа влада. Во оваа борба ние, не сме сами. Ја имаме довербата од македонските граѓани и поддршката од нашите стратешки партнери, вклучително и со дополнувањето на црната листа. Црно ни се пишува ако не ја видиме со широко отворени очи црнината и не ја обелиме со санкционирање. Сега македонските надлежни институции се на потег. Граѓаните очекуваа и дочекаа конкретни резултати. Секое одолговлекување би значело толерирање на беззаконието и неправдата. Никој не смее да биде недопирлив. Никој не смее да биде над законот. Не може целото општество да ја трпи казната поради неказнивоста на неколкумина, нагласи Сиљановска Давкова.

Но, нагласи претседателката, борбата никако не смее да се сведе само на овие неколку високопрофилирани случаи бидејќи корупцијата е длабоко вкоренета во секоја пора на општеството.

-Недовербата кон судството не е случајна. Умниот лорд Ектон со право констатира дека – секоја моќ корумпира, а апсолутната – апсолутно. Роберт Хајслоп пак, предупредуваше дека во секоја држава има криминал, ама на Балканот, криминалците имаат свои држави. Затоа, потребни се забрзани и длабоки реформи во правосудството.

Посочи дека Судскиот совет и Советот за јавни обвинители треба да бидат вистински чувари на независноста на судството и филтерот низ којшто ќе можат да минат само квалитетните и некорумпираните.

-Од тоа зависи враќањето на разнишаната доверба на македонските граѓани во правосудството. Борбата за правда, за правна држава, за владеење на правото е борба за задржување на младите и за иднината на државата, истакна таа.

Кога зборувам за правда, додаде претседателката, не мислам само на правосудството и на владеењето на правото.

За да не станеме држава на социјални случаи, нам ни е потребна социјална правда. И во Уставот, Македонија е дефинирана како социјална држава, којашто треба да им помага на ранливите, за секој човек, за секое семејство да има пристоен живот. Буџетот што го усвоивте вие, пратениците е развоен и инвестициски, но со вклучена социјална компонента. Тоа е за поздравување, особено во ова време на ценовни шокови. Секој од нас треба да направи се што може за да им помогне на ранливите категории. Иако моите ингеренции на ова поле се ограничени, јас го правам она што можам. Станав глас на оние кои се соочуваат со системска дискриминација, како што се текстилните работници или руралните жени кои се борат за подостоинствени работни услови. Поради родовата нееднаквост, многу жени неправедно носат двоен товар – грижата за домот и семејството, но и грижа за приходот. Нужно е да ги интегрираме родовите перспективи во секоја работа, рече претседателката во своето годишно обраќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен маж кој со автомобил прегази пешаци во Лондон
Следна Статија Бизнисмените и Антикорупциска заедно ќе се борат против корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи…

April 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Конечно дишеме – ветрот го прочисти воздухот

По неколку дена екстремно загаден воздух во Скопје и неколку градови низ земјава, се чини дека ветрот „заврши работа“. Утрово…

January 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Дури 67 отсто од градинките во Македонија работат со преоптоварени капацитети

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?