Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за работа во недела: Или никој да не работи, или да работи некој за двојно или тројно повисока дневница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски за работа во недела: Или никој да не работи, или да работи некој за двојно или тројно повисока дневница
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за работа во недела: Или никој да не работи, или да работи некој за двојно или тројно повисока дневница

Објавено December 26, 2024 13:14
Сподели
Сподели

Дали ќе има измени на законското решение за недела неработен ден ќе се знае по следната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која заедно гласно и јасно ќе разговараме со работодавачите и работниците, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Мое лично мислење е дека треба да им биде овозможено во недела да работат на сите оние кои ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат двојно или тројно повисока дневница или, пак, никој да не работи. Или ќе важи за сите или нема да важи за никого, а политика на двојни стандарди ние нема да водиме. Дали ќе има законски интервенции и какви ќе бидат ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на ЕСС. За ова прашање веќе сме разговарале со синдикатите и со стопанските комори и не е прашање кое сакаме да го наметнеме. Не сме го разговарале во тесен круг, па да носиме одлука и потоа да не знаеме што да правиме со неа. Нема да направиме ништо на сила, рече Мицкоски во одговор на прашање на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Генерално, како што кажа, се катализираат две решенија – или никој да не работи или, пак, да може да работи некој ако плати дупла дневница или договори со синдикатите поинакви услови. Посочи дека недела и сега е работен ден за одредени професии и за одредени економски оператори кои, како што кажа, се опишани со квадратура. Додаде дека постојат производни процеси за кои е неопходно недела да биде работен ден поради тоа што не трпат стопирање на производниот процес.

-Како Влада си го поставуваме прашањето или никој да не работи, вклучително и тие кои сега работат или, пак, да работат тие што сакаат да работат, но со согласност на работниците кои ќе добијат двојна дневница. Тоа е дилемата која ја имаме како Влада и во неа не гледаме ништо лошо, рече Мицкоски.

Нагласи дека нивните анкети за мерење на јавното мислење кои ги прават три пати месечно покажуваат оти 75 отсто од анкетираните граѓани се за тоа недела да биде работен ден за оние кои што сакаат да работат доколку им се плати двојна дневница.

Ако сакаме да правиме диверзификација на економијата и промена на нашиот економски модел и концепт во иднина мора да се насочиме кон производни процеси кои не трпат стопирање на производниот процес. Мораме да размислуваме што за пет до десет години од денес, бидејќи се менува и сосема е поинаква реалноста во Европа, а во светот се појавуваат други центри на мапата на водечки производители, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството
Следна Статија Јаулески: Кланот Муртино-Зајас, направи груба партизација на институциите и безбедносните структури

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу лидерите во регионот – Раст на патници и нови авиолинии

Меѓународен аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид остануваат меѓу водечките аеродроми во регионот, со значителен раст на патници…

April 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од…

February 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за раст на македонската економија, се проценува раст од 3 отсто

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?