Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преку Совет за даночна усогласеност до директна соработка со мали и средни компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Преку Совет за даночна усогласеност до директна соработка со мали и средни компании
ЕКОНОМИЈА

Преку Совет за даночна усогласеност до директна соработка со мали и средни компании

Објавено December 27, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со претставници на Стопанските комори, Коморите на сметководители, Адвокатската комора, ревизорски куќи и консултанти формираше Совет за даночна усогласеност.

Целта е преку овој советодавен орган да се овозможи меѓусебна тесна соработка за да се подобрат процесите на даночна усогласеност, да се разменуваат и идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат даночните обврзници мали и средни претпријатија и нивните советници и брзо да се креираат предлог препораки за унапредување на даночната политика и регулативите.

На настанот присуствуваше и се обрати и директорката на УЈП, м -р. Елена Петрова, пред присутните го презентираше Стратешкиот план на УЈП 2025 – 2027 „Напред во чекор со предизвиците и реалните можности“, новата визија и приоритетните проекти на УЈП.

„Иновациите во процесите, технологиите и услугите за даночните обврзници се клучни за успехот на УЈП во новата реалност. Со агилност и флексибилност, УЈП ќе се прилагодува на брзите промени, со цел заедно, партнерски да обезбедиме одржливост, сигурни приходи и даночна усогласеност на сите чинители во економијата“. – рече директорката Петрова.

Претседавачот на Советот за усогласеност, Мухедин Авдиќ, пред присутните појасни дека телото кое УЈП го формира со малите и средни претпријатија, ќе разгледува решенија кои би го подобриле функционирањето и ефикасноста на процесите, услугите и законските овластувања на УЈП, засновани на реалните предизвици и потребите на даночните обврзници.

„Со тоа ќе се овозможи помал јаз во знаењето и разбирањето, ќе се делува проактивно за спречување на грешки во плаќањето даноци и ќе се зајакнува даночната усогласеност. Советодавното тело ќе разгледува документи кои се однесуваат на мониторинг и анализа на примената на даночните регулативи. При тоа соработката може да ги вклучи и судските органи кои се вклучени во решавање на даночните спорови. Со тоа се поттикнува усогласено разбирање на даночната регулатива и спроведување на даночната политика, но и можност за носење заклучоци за подобрување“ – истакна Авдиќ во обраќањето пред присутните.

Советот, како што појасни ќе се фокусира на подобрување на ефикасноста на услугите, преку организирање на настани како тркалезни маси и работилници, кои ќе го унапредат знаењето на учесниците за новите регулативи и најдобрите практики во областа на даночната усогласеност.

Присутните претставници на мали и средни компании, здруженија и комори ја поздравија оваа иницијатива и изразија поддршка за продлабочување на соработката, како и заедничкото креирање на препораки кои ќе го подобрат даночниот систем и ќе ја унапредат даночната дисциплина во земјата. Тие нагласија дека формирањето на Советот е значајна можност за подобрување на комуникацијата и разбирањето помеѓу даночната администрација и даночните обврзници.

Со оваа иницијатива, УЈП има за цел да ја унапреди комуникацијата со даночните обврзници, да го зајакне нивното разбирање за даночните обврски и да поттикне проактивност во спречувањето на грешки при плаќањето на даноци. Во рамките на Советот, ќе се разгледуваат и стратешки иницијативи и даночни реформи, со цел да се создаде средина која ќе интегрира нови технологии и ќе го модернизира процесот на даночното пријавување и наплата.

Покрај тоа, Советот ќе се фокусира и на етичкиот аспект на даночната пракса, поттикнувајќи одговорно однесување и почитување на законите, како од страна на даночните обврзници, така и од страна на даночната администрација. Формирањето на овој Совет претставува значаен чекор кон зајакнување на даночната усогласеност и создавање партнерски однос помеѓу УЈП и даночните обврзници, што ќе придонесе за општествениот просперитет и развој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Пет години Единица за интервентна полиција
Следна Статија НБРМ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Една третина од контолираните не издавале фискална сметка – изречени се казни и затворени се пет субјекти

Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска се сретнал со менаџментот на германската компанија „Лидл“ која е во фаза…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Во февруари е забележан раст на депозитите во банките, но има и пораст на кредитирањето. Според податоците на Народната банка,…

March 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат повисока за 2.500 денари

Со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена на крајот на март или на почетокот на април, пензионерите ќе го…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?