Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: Довербата на граѓаните не обврзува на резултати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: Довербата на граѓаните не обврзува на резултати
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: Довербата на граѓаните не обврзува на резултати

Објавено December 29, 2024 21:30
Сподели
Сподели

„Ние како политичка партија генерално најмалку 2 пати, а некогаш и 3 пати месечно го мериме јавното мислење. Најмалку еднаш месечно телефонски го мериме тоа јавно мислење, нормално на стратифициран кредибилен пример користиме услуги на надворешни агенции. Најмалку еднаш месечно имаме и теренска анкета исто така стратифицирана за која исто така користиме надворешни услуги. Реално во декември месец кога би се споредил оној период од нова Влада можеби за нас е месец кога го имаме историски најсилниот пик како политичка партија“, истакна Премиерот на Република Македонија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен Македонија повторно твоја.

Мицкоски потенцираше дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е повеќе од 3 пати.

„Последната теренска анкета која ја правеше за нас агенцијата ИПСОС, агенцијата со која имаме долгогодишен договор и оваа теренска анкета на агенцијата ИПСОС покажува навистина драматични разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се движи помеѓу 30-31%, СДСМ е помеѓу 8,5-9% отприлика таа е разликата и динамиката со која се формира разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ таа е повеќе од 3 пати, 30-31% наспроти 8,5-9% каде што се движи СДСМ и таа доверба од граѓаните тие нас не обврзува и таа треба да ја оправдаме“, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започна кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ со делење на 150 пакетчиња
Следна Статија Еден турист загина, а друг е повреден од напад на ајкула во Египет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Амбасадорот кој гласаше за промена на името се враќа дома, повлечена и Руси од Бугарија

Доколку одлуката на Законодавно-правната комисија помине и на собраниска седница, амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево,…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Минусни температури утрово во цела Македонија

Утрово речиси во цела Македонија имаше минусни температури. Најстудено беше во Берово со -5 степени, додека Крива Паланка, Скопје, Маврово…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?