Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад
БАЛКАН

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

Објавено December 30, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поднело обвинение против тие лица во врска со трагичниот настан од 1 ноември годинава .

Наведено е дека – меѓу обвинетите е и Ј.Т. (Јелена Танасковиќ) поранешен в.д генерален директор на „ Инфраструктура на железница на Србија “ , Г.В. (Горан Весиќ) поранешен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, А.Д. (Анита Димовски) поранешен помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н.Ш. (Небојша Шурлан) поранешен генерален директор на „Инфраструктура на железница на Србија“. Тие се товарат за сторено кривично дело Тешко дело против јавната безбедност од член 288 ст.2 од Кривичниот законик.

Обвинението, е поднесено по завршување на истражната фаза од кривичната постапка со издавање на Наредба за завршување на истрагата. Обвинението е поднесено до Вишиот суд во Нови Сад, придружено со целата документација собрана во текот на предистражната и истражната постапка, како и сите други докази кои го поткрепуваат постоењето на основано сомнение за поднесување обвинение. Обвинителството побара продолжување на притворот за оние кои веќе се во притвор, како и враќање во притвор на оние кои моментално се на слобода, вклучително и поранешниот министер Весиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Станиќ: Промени ќе има, ќе имплементирам мои методи и принципи во У21 селекцијата
Следна Статија Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, СДС само молчеле на криминалот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ помилува 13 лица приведени за време на блокадите, меѓу нив шест студенти и еден декан

Претседателот на Србија Александар Вучиќ донесе 13 одлуки за помилување, соопшти претседателството. Меѓу нив има шест студенти, еден декан од…

January 29, 2025
БАЛКАН

Албанија повторно има најниска минимална плата во Европа според куповната моќ

Континуираното зголемување на минималната плата во Албанија не успеа да ја тргне земјата од дното на листата во Европа, особено…

April 13, 2025
БАЛКАН

„Солун е со тебе Кочани“ – 60-минутен молк за 59-те жртви и за возачот на брзата помош

Денеска во Солун се одржа 60-минутен молк, по една минута чест за сите 59 жртви од дискотеката во Кочани и…

March 22, 2025
БАЛКАН

Девет првачиња во општина Пустец, едно повеќе од лани

Во новата 2025/2026 учебна година, што во Албанија почна денеска, за првпат во ученичка клупа, во општина Пустец, седнаа девет…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?