Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Станиќ: Промени ќе има, ќе имплементирам мои методи и принципи во У21 селекцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Станиќ: Промени ќе има, ќе имплементирам мои методи и принципи во У21 селекцијата
СПОРТ

Станиќ: Промени ќе има, ќе имплементирам мои методи и принципи во У21 селекцијата

Објавено December 30, 2024 10:11
Сподели
Сподели

Горан Станиќ официјално беше претставен за нов селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година како замена за Драган Канатларовски кој беше разрешен од функцијата по промените во ФФМ.

Така, Станиќ се враќа во Фудбалската федерација на Македонија како актуелен тренер на Работнички, а претходно имаше успеси со младинските селекции до 17 и 19 години.

Пред сè сакам да се заблагодарам на претседателот и неговиот тим во федерацијата за укажаната доверба. Да се биде предводник на репрезентативен состав само по себе претставува голема чест и привилегија, но оваа функција носи и голема одговорност.

Многу добро знам што ме очекува и максимално подготвено влегувам во предизвикот. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и довербата што ја добив. Секој предизвик носи своја тежина. Во мојата кариера секогаш сум бил сериозен, професионален и посветен кон работата, така ќе биде и овој пат“, изјави Станиќ за сајтот на ФФМ.

Актуелниот тренер на Работнички се враќа во Фудбалската федерација на Македонија, овој пат во улога на селектор на нашите надежи до 21 година. Со голем успех во минатото ги предводеше и младите репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години.

„Имав единствена можност да бидам селектор на сите млади генерации од 16 до 19 години. Доживеав прекрасни моменти и имав незаборавно искуство во тој период во кој остваривме два успешни квалификациски циклуси и ја исполнивме поставената цел, пласман во елитната фаза на квалификации, првиот пат со селекцијата до 17 години, вториот со репрезентацијата до 19 години, што секако само по себе претставуваше голем успех и сатисфакција“, додаде Станиќ.

Под негова палка, екипата на Работнички во актуелната сезона од Првата МФЛ бележи извонредни резултати и се наоѓа на делба на првата позиција заедно со тимовите на Силекс и Шкендија Новиот селектор на Македонија до 21 верува дека младата генерација на Македонија до 21 (генерација 2004 и 2005) има голем потенцијал.

„Новата генерација Македонија до 21 несомнено е дека располага со голем квалитет и потенцијал. Голем дел од фудбалерите веќе се стандардни во своите екипи и имаат стекнато прволигашко искуство. Повеќето од играчите добро ги познавам. Располагаме со квалитет што ни дава за право да се надеваме на добри резултати.

Очекувањата од претходниот квалификациски циклус за пласман на ЕП беа големи, особено по одличниот старт и победата над Шведска во првото коло на гостински терен. Мислам дека имавме потенцијал да оствариме подобар пласман, но не оди секогаш според планираното.

Горан Станиќ кој е познат како врвен стратег и тактичар подготвен е да воведе и имплементира свои методи и принципи на работа.

„Планирам да имплементирам мои методи и принципи на работа во кои цврсто верувам и мислам дека ќе ни дадат резултат. Битно е фудбалерите да разберат што е тоа што ќе се бара од нив, а моја ќе биде одговорноста како и на кој начин ќе им го презентирам тоа, а се со цел да имаме подобра комуникација и разбирање на теренот. 

Промени ќе има, со оглед на тоа што ова е нова генерација. Фудбалерите што беа дел од претхоните квалификации немаат право за настап во следните квалификации, така што е природно да има промени. Во следниот квалификациски циклус право на настап ќе имаат фудбалерите родени во 2004 и 2005 година, но секако дека ќе добијат можност и некои фудбалери кои се родени 2006 година“, заклучи новиот селектор на надежите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Тепачка во Хјустон, седум исклучувања и победа на Мајами
Следна Статија Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три…

August 3, 2025
СПОРТ

Еве кој нема да игра вечерва за Франција

Актуелниот светски вицешампион Франција ќе биде без својот фудбалер од средниот ред, Орелиен Чуамени, во осминафиналниот натпревар на Светското првенство…

July 4, 2026
СПОРТ

Oва е Залбах во Австрија каде се одржува Светско првенство во алпско скијање

- Австриската скијачка Стефани Вение го освои златниот медал на денешната трка во супервелеслалом возена на Светското првенство во алпско скијање.…

February 6, 2025
СПОРТ

Роналдо го изведе најлошиот пенал во својата кариера (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо сам изнуди пенал, но истиот не го реализираше. Кога се чинеше дека данскиот голман нема шанси против Португалецот,…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?